Слепата девојка
Една девојка самата себе си се мразела поради тоа што била слепа. Ги мразела сите освен своето сакано момче. Тој бил секогаш тука за неа. Му кажала: „Кога само би можела да го видам светот – би се омажила за тебе.“
Еден ден, некој донира очи за неа. Кога и ги отстраниле завоите можела да види се, вклучувајќи го и својот дечко.
Тој ја прашал: „Сега кога го гледаш светот – сакаш ли да се омажиш за мене?“ Таа го погледнала и видела дека е слеп. Сцената од неговите затворени очни капаци ја шокирала. Не го очекувала тоа.
Самата помисла дека мора да ги гледа целиот живот ја наведиле да одбие да се омажи за него.
Тој си заминува со солзи и неколку дена подоцна и напишал писмо:
„Добро чувај ги своите очи, драга моја, бидејќи пред да станат твои – тие очи беа мои.“
Ете како човечкиот мозок најчесто функционира. Ретко некој после некое време се сеќава каков бил животот пред тоа, кој бил тука секогаш за нас во најтешките ситуации. И денес: пред да кажеш на некого некој лош збор – помисли на оние кои не можат да зборуваат. Пред да почнеш да се жалиш на вкусот на храната – помисли на оние кои немаат што да јадат. Пред да се пожалиш од својот маж или жена – помисли на оние кои го молат Бог да им подари сопруг/а. И денес пред да се пожалиш на животот – помисли на оние кои умреле прерано. Пред да се пожалиш од своите деца – помисли на оние кои сакаат деца, но никогаш нема да ги имаат. Пред да почнеш да се караш со оној кој не ја исчистил куќата – сети се на оние луѓе кои живеат на улица. И пред да помислиш да впериш прст во некого и почнеш да го осудуваш – сети се дека никој не е безгрешен. И кога лоши мисли ќе почнат да те фрлаат во депресија – Ти стави насмевка на своето лице и помисли – Јас сум жив и уште сум тука! И заблагодари Му на Бог за сѐ што имаш, всушност таков каков што си.
Преовд:Д.И.