Скромно облекување
Света Марија, Мајката Господова е совршен пример за женственост, убавина и скромност. Никако не можам да разберам зошто некој не би сакал да ја имитира Света Марија во нејзиниот начин на облекување и однесување. Таа е најсовршеното човечко битие што некогаш постоело. Таа не е само прекрасна мајка на Исус, туку е исто така наша прекрасна, грижлива и сакана мајка и на сите кои се католици. Сега во моментов, без разлика дали верувате или не, Марија е жива и присутна во нашата Црква, нашите парохии и нашите семејства. А дали тоа е така зависи дали таа е поканета, сакана и почитувана во тие места.
Секогаш кога Света Марија се појавува, таа се појавува во убав долг скромен фустан. Нејзината глава е покриена со велo, а нејзините раце се склопени за молитва. На овој начин Бог ја насликал нашата Пресвета Богородица од Гвадалупе. Така ја опишува Бернадета Пресвета Богородица од Лурд во нејзините објави и покрај што била прогонувана од страна на еден свештеник кој сакал сето тоа да го преиспита. Бернардета ја опишала со долг бел фустан кој паѓа надолу и сина наметка, со покриена коса. Во Фатима трите деца Луција, Франческо и Џакинта, сите ја опишуваат како изгледала Пресвета Богородица и според нивниот точен опис е направена статуата.
Повеќето католици имаат статуа или икона од Пресвета Богородица во нивните домови. Многу од нив се молат на Пресвета Богородица кога имаат некоја потреба. И откога Пресвета Богородица е наша мајка, таа ги слуша нашите молитви и ни дава одговори. На толку многу места во светот има процесии со статуа од Пресвета Богородица.
Но сега на ред доаѓа ѓаволот. Тој ја мрази Пресвета Богородица затоа што таа му ја смачка главата. Господ и дозволува на Богородица да го понижи ѓаволот, иако едноставно била само човек, а потоа Бог ја вознесува за Царица на Небото и Земјата. Ѓаволот е полн со гордост. Затоа ѓаволот и ја мрази толку многу.
Во истите домови каде што има статуа или икона од Пресвета Богородица, женската облека ја навредува Небесната Царица. Тие нескромни алишта ја навредуваат Пресвета Богородица и го прават ѓаволот многу среќен. Често, во мојата последна парохија, на празникот на Пресвета Богородица од Фатима имаше луѓе кои беа облечени нескромно. Исто така на италијанската прослава на Пресвета Богородица од Константинобле имаше луѓе кои беа многу провокативно и нескромно облечени. Ние се собираме да ја славиме Пресвета Богородица и ја навредуваме и го правиме ѓаволот многу среќен. Тој сака ние да ја навредуваме Пресвета Богородица со нашата нескромна облека. Тој сака да ја навредува неа, но е немоќен, затоа што се плаши од неа. Тој бега од неа.
Јас бев многу популарен свештеник. Пред десет години бев избран во Модесто за најпопуларен од сите министри, рабини и свештеници. Но тоа беше пред да прочитам за Свети Иван Вијанеј и неговите остри беседи против нескромното облекување и танцување. Исто така, прочитав и мал памфлет од фра Роберт Фокс кој ми беше даден од една стара калуѓерка од светилиштето основано од Мајка Анџелика: „Како да се биде среќен свештеник”. Во малиот памфлет прочитав: За да бидеш среќен свештеник, мораш да ја проповедаш вистината. Исто така ја почитувам Пресвета Богородица од Фатима и знам што таа и кажа на Џакинта за тоа како стилот на облекување ќе го навреди Бог во голема мера. Јас ја сфаќам сериозно Пресвета Богородица кога таа зборува за нешто што го навредува Бог. Тогаш почнав да добивам многу непријатели и да имам само неколку пријатели.
Како што минуваше времето во мојата парохија, жените почнаа да доаѓаат на венчавки, крштевки и тоа експлицитно секси облечени. Кога им кажав на едни девојки дека се нескромно облечени за во Црква, нивната мајка им рече на своите ќерки: “Вие сте млади, истакнувајте ја својата сексуалност додека ја имате.” Ова можам и да го докажам. Така започнав пред вратите на куќите во мојата парохија оставам фотографија со знакот за скромно облекување издадени од капелата на Мајка Анџелика во Ирондејл. Така започнав на убав начин да објаснувам за католичката скромност. Како што телевизиите и филмовите се толку многу сексуални, сега многу жени се обидуваат да се облекуваат како филмските звезди. Колку што порнографијата е повеќе гледана, така се рефлектира и женската облека. Неколку пати ми беше повторувано дека е невозможно да се најде скромна облека во продавниците. Дали некој го слуша ѓаволот како воскликнува од радост? Па да, тој го прави тоа.
Така, јас и други храбри жени и мажи почнавме да бараме од жените да стават врз себе елегантна и едноставна наметка ако имаа фустан кој ги покажува нивните колена, раменици или гради. Целата моја популарност пропадна во вода. Многу жени почнаа да ме малтерираат вербално и емоционално. Со љубезност објаснував на сите да се придржуваат на ватиканскиот кодекс на облекување. Тоа е сè што направив, и предизвика да бидам омразен и презиран.
Многу пријатели ми свртеа грб и ме прогонуваа затоа што велеа дека моите ставови за скромност ги навредува. Но многу други жени почнаа да носат скромна облека на Миса. Јас сум се уште длабоко повреден од болниот третман кој го добив и ги молам Бог и Богородица еден ден тие рани да се залечат. Да бев поскромен тие рани немаше да болат толку многу. Но јас немав друг избор освен да го бранам Исус Христос во Светата олтарска Тајна. Папата Пиј XI напиша писмо за скромноста и рече свештениците да ја внесат скромноста во црквите и училиштата. Жал ми е што морам да кажам дека повеќе се грижев за тоа што луѓето ќе говорат за мене и што мислат, отколку што Господ и Богородица мислат за мене. Боже, прости ми. Прости ми што дозволив Ти да бидеш искористен од тие жени наместо да ги преземам навредите врз мене за да те заштитам Тебе и Богородица.
(…) Јас ќе продолжам да правам сè што можам за да го заштитам Исус во Светата олтарска Тајна. Разбирам, никој не зборува за ова и доаѓа како шок кога свештеникот вели дека е погрешно. Разбирам дека порнографијата е насекаде, разбирам дека телевизијата и филмовите се полни со голотија. Но тоа не значи дека се и во право. Многу од светците зборуваат за скромноста и нејзиниот недостаток. Тие велат дека се оди во пеколот поради предизвикување сексуално искушение кај маж. Знам дека некои од вас се согласуваат, а повеќето не. Јас им верувам на светците. Затоа тие се и канонизирани за светци. Верувај и на Библијата која вели дека жената треба да се облекува скромно. Многу луѓе не се согласуваат со Библијата.
Го напишав ова бидејќи го сакам Господ, Пресвета Богородица и сите други. Јас не сакам да одам во пеколот. Сакам сите да одат во рајот. Прекрасно е да се биде традиционален католик.
Фра Петер Карота
извор: Блог Traditional Catholic Priest/Превод:Б.У.