Околу 950 милиони верници поминаа низ Светата врата сметајќи ги не само оние кои тоа го направиле во Рим, туку и во бискупиите и светилиштата во целиот свет.
Таа проценка ја објави надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација, известувач за организација на Светата година.
На конференцијата за печат одржана на 21 ноември 2016 година во Канцеларијата за печат на Светиот Престол по повод завршувањето на вонредниот Јубилеј на милосрдието и по повод претставувањето на Апостолското писмо на папата Фрањо „Misericordia et Misera“, надбискупот Физикела меѓу останатото даде сигурен податок за учеството на Јубилејот во Рим на повеќе од 21 милион ходочасници. Најбројната група ходочасници се од Италија, потоа ходочасниците од германското говорно подрачје, од САД, Полска, Шпанија… па се до Русија, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Венецуела, Чад, Руанда, Ангола, Непал… накратко во Рим имало ходочасници од 156 земји од целиот свет. Освен тоа надбискупот истакна дека желбата на Папата била да се овозможи на верниците искуство на милосрдието за самите да станат орудие на милосрдието.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк