Скопје: Годишнина од смртта на Кјара Лубик

Скопје: Годишнина од смртта на Кјара Лубик

На 14 март 2023 година, по повод 16-годишнината од смртта на основателката на Делото на Марија – Движење на Фоколари и слугинка Божја Кјара Лубик, во Катедралата „Пресветото Срце Исусово“ во Скопје се служеше благодарна света Литургија за нејзниот живот и харизма. Литургиското славење го предводеше катедралниот парох патер Винко Маслаќ, а сослужуваа протоереј – ставрофор отец Зоран И. Стојанов и капеланот Томислав Рукавина.На почетокот од Литургијата, патер Маслаќ го истакна повикот и животот на Кјара.

Движењето се роди во средината на Втората светска војна кога Кјара и неколку пријатели имаа силно искуство за Богот на љубовта. При читањето на Евангелието во засолништата особено се просветлуваат речениците поврзани со љубовта кон Бога и ближниот и заедништвото меѓу луѓето според Исусовата желба „Сите да бидат едно“ (сп. Иван 17,21). Ова ќе стане суштината на харизмата на Движењето.

И покрај тоа што е создадено во Католичката црква, поради универзалната димензија на Љубовта, спонтано се шири меѓу христијаните од другите Цркви, отворајќи го патот за дијалог со верниците од другите религии и луѓето од сите култури.

На 27 јануари 2015 година официјално беше отворен процесот на беатификација Кјара Лубик.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот