Скопскиот бискуп Стојанов се сретна со претседателката на Хрватска Грабар Китаровиќ

Скопскиот бискуп Стојанов се сретна со претседателката на Хрватска Грабар Китаровиќ

Во Скопје, на 27 април 2018 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов, во придружба на скопскиот парох дон Давор Топиќ, се сретна со претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, по повод нејзината официјална посета на Република Македонија. 

На почетокот од средбата бискупот Стојанов на претседателката Грабар Китаровиќ ѝ искажа добредојде во Република Македонија, изразувајќи благодарност за средбата како и на подршката која Република Хрватска и ја дава на Република Македонија. Бискупот Стојанов ја запозна претседателката Грабар Китаровиќ со животот на Католичката црква во Македонија, истакнувајќи ја големата поврзаност низ историјата и денеска со Црквата во Хрватите и нејзините бискупи, истакнувајќи дека моментално во скопската бискупија делуваат тројца свештеници мисионери од хрватска националност. Исто така спомна дека во бискупијата се присутни пет семејства од Неокатекуменскиот пат „missio ad gentes“ од Хрватска кои во духот на новата евангелизација ја помагаат месната Црква, па преку своето сведоштво говорат за новата култура на животот која се темели на евангелието. Бискупот рече дека на подрачјето на пасторалот со млади, голема благодарност имаме кон Центарот за млади Иван Павле II во Сараево, а младите од Македонија се редовни учесници на летните кампови и средбите на Хрватската католичка младина во Хрватска, што допринесува јакнење на младите со хрватски корени со татковината и нејзиното духовно културно наследство.

Говорејќи дека Црквата со своите свештеници настојува да биде подршка на Хрватската заедница во Македонија преку нејзиниот живот и случувања, истакнувајќи надеж за остварување на проектот ХРТ да оствари пренос на неделна света Литургија од скопската катедрала, што би било подршка и за Хрватската заедница на овие простори.

Бискупот Стојанов се заблагодари на претседателката Грабар Китаровиќ за вклученоста во Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ во септември 2016 година, во чест на канонизацијата на светицата, која по тој повод ја испрати „Клапата Свети Јурај“ на Хрватската воена морнарица во Скопје, која со својот концерт ги воодушеви присутните. Исто така ја истакна радоста што во Хрватската јавност уште повеќе допринело за уште поголемо запознавање на големиот и светол лик на блажениот кардинал Степинац, велејќи дека кардиналот Степинац во свое време интервенирал кај кралот во Белград за католиците во Македонија.

Затоа бискупот Стојанов се заблагодари на претседателката Грабар Китаровиќ за срдечната средба и подршката како и на структурите на Државниот секретаријат за Хрватите надвор од Република Хрватска на чело со секретарот Звонко Милас и Амбасадата на РХ во РМ на чело со амбасадорката Данијела Баришиќ.

Претседателката Грабар Китаровиќ истакнувајќи ја својата подршка, се заблагодари на бискупот Стојанов за споделеното искуство, па во пријатниот разговор се осврна на животот на света Мајка Тереза, велејќи дека всушност таа е една од примерите во нејзинот живот, па се присети на силните зборови од сведоштвото на животот на света Мајка Тереза од еден молитвен појадок во САД. Истакнувајќи ги вредностите кои света Мајка Тереза ги живееше, рече дека таа останува пример на жените, нарекувајќи ја вистински женски лидер.

На крајот од средбата бискупот Стојанов ѝ дарува на претседателката Грабар Китаровиќ медалјон на света Мајка Тереза и монографија која говори за Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ во Скопје.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот