Сестра Еврозија, блага и кротка

Сестра Еврозија, блага и кротка

Нашата мила Мајка настојничка, следејќи го секогаш, без да се поколеба, примерот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш и во секое време беше блага и кротка.

„Нашата мила Мајка настојничка, следејќи го секогаш, без да се поколеба, примерот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш и во секое време беше блага и кротка. Секогаш кога ми се обраќаше, го правеше тоа со таква благост и кроткост, што ненамерно чувствував немир – не смеев да ја погледнам в лице, погледот го свртував некаде настрана.

Кога разговараше или се занимаваше со нас, често со сестрата која седеше со мене разговарав: – Гледај, со колкава благост и кроткост ни зборува! Таа, која е наша основателка и мајка не престануваше да се грижи и интересира за нас, како за време на учењето, така и за време на одморите.“

„Иако настојничка, имаше власт да заповеда, никогаш не ја гледавме да употребува строгост, кога требаше нешто да ни заповеда. Секогаш се обраќаше со молба кога сакаше нешто да извршиме.“

„Таа беше совршено кротка, како во зборовите, така и во своите дела. Секогаш зборуваше тивко и кротко. Она што ме чудеше и ми правеше посебен впечаток беше, дека кога се налагаше да направи забелешка на некоја од нас, го правеше толку кротко, така што не можевме да разбереме дали беше обичен совет или пак укор.“

(текстот е извадок од книгата Животот на Еврозија Алоати сестра Марија Христина Исусова од Отец Јосиф Алоати свештеник од мисијата на отците Лазаристи)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот