По повод објавувањето на книгата насловена „Убијте ме мене, а не луѓето“ која од печат излезе на 6 мај, преку интернет одржана е видео средба на новинарот Џеролам Фацини од Рим и монахињата Ан Росе Ну Тавнг од Мјанмар.
Книгата нуди начин како од блиску да се запознае земјата во која Црквата сведочи дека навистина е Црква која излегува во пресрет на другите – истакна Фацини. Да клекнеш е стар и можеби заборавен гест; може да биде сфатен како знак на слабост, меѓутоа слабост е всушност кога не можеме да клекнеме – рече пак директорот на ватиканскиот дневник Л Осерваторе Романо, Андреа Монта кој исто така учествуваше на средбата.
Монахињата Ан Росе раскажа дека два пати клекнала пред бурманската војска молејќи да не го користат насилството над луѓето кои протестираа на улиците на градот и кои поминуваа пред клиниката во која таа работи како медицинска сестра. Ништо немав испланирано; соочувајќи се со она што изгледаше нехумано, почувствував потреба да бранам, да ги спасам тие луѓе, млади кои беа во опасност – рече сестра Ан Росе и напомена, тоа беше мојата единствена цел. Не мислев да го спасам својот живот, знаев да ризикувам. Силата ја црпев од молитвата, за да му помогнам на народот. Молитвата ми помогна да му служам на нардоот, не правејќи разлика.
Друг пат, на 8 март во нејзината клиника дошле многу ранети. Мислев дека Бог се служи со мене за да го спаси тој народ – истакна сестра Ан Росе и продолжи: За да ги спасиме моравме да ги однесеме во друга болница. Маската ме штитеше. Полицијата ги бараше моите подаотоци и прашуваа која сум. Не знаев дека во меѓувреме фотографијата го опколи светот и дека сум станала позната. Моите сосестри на мене беа горди, луѓето ме храбреа, но имаше и такви кои говореа да бидам внимателна. Сакав да ја бранам вистината, да ја спасувам правдата. Верувам дека мојот живот сѐ уште е во опасност затоа што понекогаш војниците доаѓаат во клиниката и испрашуваат. Ништо до сега не ми направиле. Поглаварите по малку ме штитат.
Полицијата кажува дека никој не сака да убие, туку само да ги исплаши луѓето и дека тоа мора да го направат по заповед – рече сестра Ан Росе и додаде: Припаѓам на етничката група Качин навикната сум од детството да бидам прогонета. Никаква слобода не сме имале. И ако некој постигнеше висока наобразба, властите го принудуваа да работи во државни претпријатија на слабо платени работи. Таа е цената која ја плаќаат малцинствата. Многу трпевме. Луѓето станаа сложни, бараат само демократија. Да клекнеш пред некој не е гест на слабост, туку гест на помирување и тој гест треба да се прави и во семејствата.
Заблагодарува на папата Фрањо затоа што следната недела во Ватикан ќе служи света Литургија за бурманскиот народ. Многу сум горда не него затоа што неговата појава и зборви имаат голема вредност. Би сакала да се обрати на водачите на државата за да ги спасиме идните генерации на бурманскиот народ. Сите вас ве молам помогнете ни да постигнеме вистинска правда и слобода, помогнете ни да дојдеме до демократија – рече на крајот сестра Ан Росе.
Ватикан њуз/к.мк