Секојдневно применувајте го милосрдието

Во денот кога Римската Курија го слави Јубилејот на милосрдието, Папата Фрањо ја предводеше литургијата во базиликата Свети Петар.

Литургискиот празник „Престолот на Свети Петар“ нè собира за да го славиме Јубилејот на милосрдието како заедница, која служи на Римската Курија, на Секретаријатот на Ватикан и на институциите поврзани со Светиот Престол“, истакна Папата пред околу 5.000 луѓе – кардинали, раководители на папските дикастерии, свештеници, но исто така и работени лаици и вработени во Ватикан. Светиот Отец истакна: „Ние ја преминавме Светата врата и стигнавме до гробот на апостол Петар, за да ја исповедаме верата. И денес Божјото Слово ги просветлува на посебен начин нашите дела“. Папата им посака на вработените во Ватикан да не се чувствуваат напуштени или запоставени за време на нивната работа во Ватикан, туку пастирското чувство да биде култивирано и спроведувано на дело.

Потоа рече: „А за кого Ме сметате вие?“ ги праша Исус. (Мт., 16,15). Во својата проповед, Папата тргна од ова прашање земено од Евангелието според Матеј, јасен и директен, истакна дека не можеме да побегнеме или да останеме рамнодушни, ниту да го одложиме одговорот или да оставиме на друг да одговори на тоа прашање:

„Да ја оставиме благодатта да го пробуди повторно нашето срце, за да веруваме и да ни ја отвори устата, за да ја исповедаме верата и добиеме спасение. Затоа да ги прифатиме за наши зборови зборовите на Петар: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог“.

Папата Фрањо истакна дека пророкот Језекиил го опишал Божјиот начин на дејствување: „Изгубена ќе најдам и истерана ќе вратам, ранета ќе превијам и болна ќе излекувам, здебелена и бујна ќе исчистам; ќе ги пасам со правда“ (Језекиил 34,16).

Папата Фрањо истакна дека и ние сме повикани да бидеме пастири на Црквата, да се препуштиме да нè просветли ликот на Бога – Добриот пастир, да нè прочисти, да нè преобрази и да нè врати целосно обновени кон нашата мисија. И во нашите работни средини да можеме да го чувствуваме, да го негуваме и да го спроведуваме на дело силното пастирско чувство, пред сè во однос на луѓето со кои се среќаваме секој ден“.

Папата истакна дека особено пастирите треба да се ослободат од сите задоволства кои ги оддалечуваат од суштинското во нивната мисија: „како Исус, основа на Црквата, почеток и крај на секое црковно дело „Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, која е Исус Христос“(1 Коринтјаните 3, 11). Затоа пастирите треба да се во можност да ја поврзат верата со милосрдието – два збора, кои Писмото ги претставува како неразделни, меѓусебно поврзани и комплементарни.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот