За опасноста да се загуби верата, за самоубиството, и за посланието на Црквата да ги бара грешниците, зборуваше фра Џулио Микелини во петото размислување на духовните вежби на кои учествува папата Фрањо и членови на Римската курија.
Во фокусот на размислувањата беше самоубиството на Јуда, еден од дванесетте апостоли. Евангелието не го негира тој срамен и збунувачки настан. Покајанието на Јуда ја прави уште потранспаретна драмата. Во Евангелието според Матеј Јуда признава дека згрешил затоа што предал невина крв.
Јуда и ние – опасноста од загубата на верата
Водачот на духовните вежби се обиде да согледа зошто Јуда го предава Исус, кој го избрал и повикал, а Јуда одговорил на неговиот повик. За да ја осветли драмата, отец Микелини потсети на текстовите на научници и писатели: од Роман Гардијан до Амос Оза, кои многу пишувале за Јуда. Зборувајќи за претпоставките дека Јуда ја загубил верата, предупреди на опасноста од загуба на верата и затоа сите треба да се запрашаат:
Имали можеби во мојот живот многу денови кога заради доброто на суетата, чувствителноста, заработката, безбедноста, омразата и осветата го напушташ Христос, својата мудрост и својата љубов? Немаме многу оправдувања за да говориме со одвратност за предавникот. Јуда сите нѐ разоткрива – истакна водачот на духовните вежби.
Отец Микелини потсети на искуството на францускиот писател Емануел Карере во книгата „Царство“ од 2014 година, во која зборува три години повторно верувал, а потоа повторно ја загубил верата. Очигледна е внатрешната драма на човекот кој на Велики петок пишува дека ќе оди на Воскресна света Литургија иако повеќе не верува во Исусовото воскресение, но додава: „Те напуштам Господи. Ти немој да ме напуштитш мене“ – рече проповедникот.
За предавството на Јуда има и една друга претпоставка: Имено, Јуда сакал Христос да се покаже како Израелов Месија, ослободител, борец, политичар. Во Исусовото лице не гледал повеќе Господ, туку само Учител, и сака да го присили да го прави она што тој го очекува од него – рече водачот на духовните вежби.
Треба да се излезе на улиците и да се бараат поганите и грешниците
Треба да се излезе на улицата и да се бараат грешниците – рече фрањевецот прераскажувајќи го своето искуство. Живеам во заедница на млади кои годишно извршуваат две народни мисии. Со нив се шегувам зборувајќи дека одат да играат на улицата, дискотеките и во јавните локали. Како професор не би си дозволил нешто слично, потоа се шегувам со своите собраќа. Многу години предавам и повеќе не одам во народни мисии. Тие пак добро знаат дека го ценам тоа што некој оди таму каде што е она што не би сакале да го видиме, каде можеби има очајни млади… Иако ние не одиме во народни мисии, треба да бидеме благодарни и солидарни со оние кои на улицата излегуваат да бараат, како што зборувал Исус, погани и грешници – рече отец Микелини.
Кога Јуда го сфатил својот грев, се убил. Во романот на Манцони „Свршеници“ има прекрасни страници за верата; тие повикуваат да се излезе, да се бараат грешниците. Проповедникот исто така потсети на зборовите на папата Фрањо, изговорени во проповедта на светата Литургија во домот Света Марта, а се однесуваат на свештениците кои го одбиваат Јуда. Папата тогаш зборувал за клерикализам: Јуда е отфрлен, предавник и покајник не го прифатиле пастирите, затоа што биле верски интелектуалци, а нивниот морал е плод на нивната интелигенција, а не Божјата објава – потсети проповедникот.
Самоубиствата во нашиот период: Треба да им се помогне на христијаните да не ја загубат верата
Зборувајќи за самоубиство на Јуда, отец Микелини ја истакна актуелноста на потпомогнатите самоубиства, и самоубиствата на младите, затоа со директно прашање се обрати на пастирите: „Како на христијаните од нашето време да им се помогне да не ја загубат верата, свесно да ја живеат својата вера, за која зборува Новиот Завет; радосна, вистинска, да се вклопува со Исусовата личност; што да се направи за повеќе да не се случуваат самоубиства? Водачот на духовните вежби со тие прашања го заврши претпладневното размислување.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк