Осми ден: Душата, верна служителка на Пресветото Срце
Како слуга што ги забележува и најмалите желби на својот господар, така и ти задржи ја внимателноста во својата душа. Таа треба постојано да биде насочена кон Срцето Исусово, за да може да ги насети Неговите желби и Неговите намери.
На тој начин ќе можеш веднаш, точно и со љубов да одговориш на нив. Овој љубезен Учител често ќе бара од тебе, во текот на денот, да им служиш на оние што те окружуваат. Тој преку твојот ближен ќе ја остварува Својата желба да подари помош, утеха и поддршка.
Твоето верно служење ќе го употреби пред сè како надомест за неблагодарните созданија што одбиваат да го прават тоа.
Одговори понизно и со љубов на оваа желба на Учителот: преобрази се во Негов верен пријател, а Тој ќе ти возврати и за најмалите дела на служење направени за утеха на Неговото љубезно Срце.
О мој Учителу! Сакам да Ти служам. Ќе одам каде и да побараш, Господи.
Кармел-бси/к.мк

