Чиста Среда – Пепелница: Сила

Чиста Среда – Пепелница: Сила

Со овие текстови во Великиот пост сакаме да понудиме овој пост да го доживеете на посебен начин. Мислата секој ден може да нѐ одведе чекор напред (барем во духовна смисла), Читајте со пријателите и размислувајте заедно што се однесува на вашите животи. Така полека и промислено се приближувате до Велигден.

——————

Моделите позираат за насловните страници на весниците и за телевизиските реклами. Вистина е дека козметиката и облеката можат да го разубават твоето тело. Но, само Бог може да ја разубави и твојата душа. Само Тој може да ти помогне да ја изградиш својата совест да биде силна за да може да се спротивстави на искушенијата кога ќе се помешаат физичката убавина со внатрешната убавина. Само Божјата поддршка може да ти помогне да го направиш она што е исправно кога другите бараат да се извлечат на полесен начин.

Парохија Свети Петар Запрешиќ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот