СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Дваесет и четврти ден: Душа миленик на Пресветото Срце

Срцето Исусово те избрало за Свој миленик, а тоа значи дека сака постојано да бидеш во Неговата близина, разговарајќи срце со Срце.

Тогаш Тој великодушно ќе ги излева Своите најодбрани милости врз твојата душа, која Му е толку драга. Одговори со многу љубов на оваа привилегија. Остани истрајно во близина на тој Цар на срцата.

Живеј само за да ја исполнуваш Неговата божествена волја. Затоа, во текот на овој ден труди се никогаш да не ја изгубиш од вид Божјата присутност.

Разбудувај во себе и силна доверба, бидејќи името што Исус ти го дал те исполнува со власт над Неговото прекрасно Срце. Користи ја оваа милост во молитва за својата заедница, парохија, семејство и за бедните грешници.

Моли се особено за мноштво совршени души кои, преку љубов и задоволштина, ќе имаат благотворно влијание врз другите души.

Исусе, сакам да останам понизен и мал, за да бидам засекогаш Твоја возљубена душа.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот