Седма постојка
Исус втор пат паѓа под крстот
Ти се поклонуваме, о, Исусе и Те славиме! Бидејќи со својот крст го спаси светот!
Да погледнеме на Исус. Повторно е на земја. Изгледа дека не може повеќе. Таму е Симеон, таму се и други, но залудно, крстот повеќе не е терет, туку сѐ она што тој крст значи. Тоа, што на тој крст се натоварени нашите гревови. Не падна и не лежи поради крстната греда, туку лежи поради нашите гревови. Потребно е одново Гетсеманскиот час, каде ќе собере снага да му каже на Отецот: „Но не како јас, туку како ти сакаш“. И кога слуша глас: Стани и оди понатаму. Тргна. Овa второ паѓање е силна порака на Исусовата борба во душата, каде чувствува дека и спасението преку трпението нема да донесе на сите избавување, бидејќи човекот останува слободен, до таа мера што дури и спасението го одбива.
Во нашиот живот се случува, кога навистина мислиме: Не можеме понатаму. Не е ниту прашањето дали можеме заедно или не. Прашањето е: Како понатаму, кога ситуацијата е безизлезна. Како небото да останува без одговор, а и најблиската личност не може да помогне. Живееме во време во кое е заборавен „главниот лост“ на заедничкиот живот, а тоа е молитвата. Сопружниците, кои молат не заедно навистина ќе дојдат во ситуација во која никој нема да може да им помогне, бидејќи како сопружници – заедница ја прекинале вертикалната врска со Бога. Тоа е болка која нас нѐ притиска во размислувањето на таа постојка. Но, не притиска исто така и болката кога го турнаа Исус втор пат на земјата.Тоа е прашање за иднината на нашето семејство. Тоа е прашање за успешното воспитување на децата. Во искушенијата забораваме дека секое дете е наше, но не на тој начин ние да им сме апсолутни господари, туку од Бога дадени служители, со воспитувањето да ги упатиме до патот на слободата, па и изборот на слободата за спасение. Влијанието на друштвото и на околината толку многу е силно што и на најверните христијански семејства многу деца стануваат неверници. О, тоа е болното прашање за човечката слобода. Што ни преостанува? И повторно заборавеното правило дека единствено за Бог сѐ е возможно, и дека до Бога се доаѓа исклучиво со молитва. Па што? Може да помине ден без храна и без сон, но не може да помине ден без молитва,а кога ќе дојдат часови на паѓање да можеме повторно да станеме и да одиме понатаму до патот на спасението.
Да се помолиме
Господи, научи нѐ да се молиме. Покажи ни го патот дека молитвата е дишење на душата во твојата близина. Никогаш не го напуштај нашето семејство, туку секогаш биди во нашите срца и во нашите мисли за да не ни престане надежта и надевањето во Твојата Семоќ. Преку Христос, Нашиот Господ. Амин.
Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..
Помилуј нѐ Господи – Помилуј нѐ.
Превод: о. Д. Ташев