Се очекува и патријархот Вартоломеј I на молитвената средба со Перес и Абас?
На молитвената средба со израелскиот претседател Шимон Перес и палестинскиот претседател Махмуд Абас во недела недела 8 јуни 2014, постои веројатност да присуствува и цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј I. Гласноговорникот на Ватикан, патер Федерико Ломбарди во вторник 3 јуни 2014 потврди дека папата Фрањо го покани за време на неговото патување на Блискиот Исток, а тој ја зема во предвид поканата. Од патријархатот во Цариград се очекува овие денови да се донесе одлука.
Папата Фрањо и патријарх Вартоломеј I на 25 мај се сретнаа во Ерусалим, а таа средба отвори нова страница во екуменскиот дијалог. Претходно папата Фрањо ги покани претседателите Перес и Абас на заедничка молитва за мир. Двајцата претседатели овој викенд ќе се сретнат со папата Фрањо. При тоа Папата нагласи дека не се работи за дипломатско посредништво, туку повод е само молитвата за мир на Блискиот Исток.
РВ/го*ко