Снимка од карпа со 7,5 илјади кубни метри која се свлече кон црквата делува застрашувачки. Авторот на оваа снимка, која ја објави ChurchPop, сигурно не можел да претпостави дека оваа огромна карпа ќе застане само неколку метри пред црквата „Блажена Девица Марија“.
Ридот од кој дојде свлечиштето се вика Вале Сплунга, а се наоѓа во Италија, На снимката се гледа како карпата буквално ја зави црквата во прашина, но сепак не ѝ наштети. „Како верник сметам дека провидната Божја рака го следеше овој настан, кој можеше да заврши трагично“, изјави тамошниот свештеник. Инаку оваа Црква е изградена 1492 година, откако две девојки изјавиле дека на тоа место им се објавила Пресвета Богородица.
РВ/к.мк