Светскиот ден на сиромашните нѐ повикува да го живееме стилот на Христови ученици

Светскиот ден на сиромашните нѐ повикува да го живееме стилот на Христови ученици

Вчера Црквата го прослави 4. Светски ден на сиромашните, кој пред четири години го воведе папата Фрањо, со кои се потсетуваат христијаните во целиот свет дека сѐ повеќе и  подобри мора да бидат конкретните знаци на Христовата љубов кон последните и најотфрлените.

„Големите економски, финансиски и политички кризи нема за запрат сѐ додека дозволуваме да биде заспиена одговорноста која секој треба да ја чувствува кон ближниот и ој секој човек“ – пишува папата Фрањо во пораката по повод Светскиот ден на сиромашните, кој се одржува со мотото: „Пружај ја раката своја кон сиромавиот“ (Сир 7,32). Во старата мудрост Сирахова се наоѓаат упатства за многу ситуации во животот, како што е сиромаштвото – како што стои во пораката – добива секогаш различни лица, а тоа е и место на кое се сретнува и Исус“. Светскиот ден на сиромашните е можност на оние во неволја да им покажеме љубов, дали преку многубројните каритативни дела на Црквата или пак со свој личен ангажман.

„Во глобализацијата н рамнодушноста стануваме, а за тоа да не сме ниту свесни, нечувствителни за болниот крик н а сиромашните, не плачеме повеќе заради болката и страдањето кои ги погодува другите и дури не чувствуваме ниту потреба да им помогнеме, како на сето тоа да е повикан некој друг да направи нешто затоа што не се однесува тоа за нас. Културата на благосостојба нѐ прави нечувствителни… и судбината на оние кои живеат во беда поради оскудни можности не можат да ни го допрат срцето“ – истакнува папата Фрањо во својата порака по повод Светскиот ден на сиромашните.

Да ја испружиме раката кон сиромавиот, метафорички и буквално. Испружената рака е знак, кој веднаш зборува за блискост, солидарност и љубов. Понекогаш и разговорот е многу. Или насмевката. Во својата порака Папата истакнува дека токму гестовите даваат смисла на животот, гестови кои често се занемаруваат, а се присутни и живи. Насмевката која ја даваме на сиромашниот е извор на љубов, која овозможува живот со радост, тоа е израз на оној кој не префрла за помошта која ја дава, туку се радува затоа што го живее стилот на Христов ученик.

ХКМ/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот