Вистинските свршеници живеат во предбрачна чистота

Една млада читателка ми пишува дека една моја реченица посебно ја шокирала: „Вистински свршеници се оние кои својата свршувачка ја живеат во чистота“. Читателката е огорчена: Воопшто не се согласува. Никој не може да суди. Парот се развива под Божјиот поглед и нема никаква судбина која парот би го осудила на тоа да не можат да се сакаат. Мислете ли дека сите на прва го наоѓаат избраникот на своето срце? Љубовта се живее и учи во адолесценција.

Во секојдневниот говор зборовите „свршувачка“ и „свршеници“ го изгубија своето оригинално значање. Поголемиот дел на свршеници веќе живеат заедно, а кога момчето ќе ја претстави девојката како своја свршеница тие речиси секогаш се љубовници. Ова не е осуда, туку објективна констатација. За речиси сите наши современици свршувачката значи период на заеднички живот кој му претходи на бракот, и тоа во таа мера што многу не можат да замислат свршениците да чекаат до венчавката за да стапат во телесни односи. Неопходно е детално да се објасни што мислиме кога ќе кажеме „свршеници“.

„Ако кажеме дека вистински свршеници се оние кои својата свршувачка ја живеат во чистота, тоа не значи дека мислиме дека свршениците кои веќе живеат заедно нема да бидат способни да љубат. Тоа едноствно значи дека на зборовите им го враќаме нивното вистинско значање, за да и се врати на свршувачката полнината на содржината. Во однос на светата Тајна Брак, свршувачките се многу прецизна реалност кои немаат врска со заедничкиот живот на младите, или брачен експеримент. Ако многу идни сопружници одлучат да живеат заедно пред бракот, тоа не значи дека се жртви на некаква судбина: Божјото милосрдие на грешникот никогаш не се сведува на неговиот грев. Па, сепак, треба – пливајќи против струјата која нè опкружува – да се осудиме да кажеме дека живеејќи заедно пред венчавката не значи „додаток“ туку „губиток“.

Зошто да се чека венчавката за да се живее заедно? Сите вљубени добро знаат дека соединувањето на срцата бара и соединување на телата. Зошто да се скратува тоа соединување, ако постои љубов? Можеме да одговориме: затоа што Бог така сака. Тој одговор е неопходен и доволен за оние кои сакаат пред сè да биде волјата Божја „како на небото така и на земјата“. Да го сакаш она што Бог го сака не значи да не се обидеш да сфатиш, па макар само затоа за да може појасно да се расуди во која мера Божјата волја тежнее за поголема човечка среќа.

Дарот на телото во сексуалниот однос е навистина вистински симбол на дарување на целата личност. Ако не постојат сите потребни услови за потполно и конечно дарување – а тие постојат само во бракот – дарувањето на телото во сексуално соединување е искривено, осакатено му е неговото длабоко значење. Освен тоа, предвремен сексулен однос го ослабува парот во самиот момент на неговото основање (…)

Сексуалниот однос иако донесува задоволство може и да прикрива длабоки несогласувања; тие можат да ги прекријат неизразените конфликти но нема да ги решат. Владеење со себе си на сексуалното подрачје, напротив, ќе биде помош за средба со партнерот на длабоко ниво, по она по што е единствен. Оддалеченоста пред венчавката помеѓу самите сексуални желби и нејзините остварувања отвора простор за разговор, за љубовен говор, за нежност. Таа оддалеченост овозможува желбата да не се сведе на потреба и личноста да не се сведе на предмет на потрошувачка.

Кога одредено однесување станува пракса мнозинството го смета за нормално. Свршениците кои денес ќе одлучат дека нема да влезат во сексуални односи изгледаат потполно надвор од своето време. Многу наши современици воопшто повеќе не држат до тој вид на свршувачка. Па, сепак, вистински свршеници постојат и нивното сведоштво е актуелно како никогаш досега. Нивната одлука дека ќе чекаат венчавка за телесно да се соединат не значи дека мислат дека се подобри од другите, туку преку тоа ја сведочат надежта во која живеат. Тие не се остатоци од минатите времиња, туку пророци на цивилизацијата на љубовта.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Колумни, Размислување

За авторот