Светска премиера на филмот „Викајте ме Фрањо“

„Викајте ме Фрањо“ ќе излезе во италијанските кина во четврток, 3 декември. Ова е прв филм за животот на папата Фрањо, а премиерата ќе се одржи во Ватикан на 1 декември, објави ватиканската прес служба.

Режисер на филмот е Даниеле Лукети, во продукција на TaoDue, а дистрибутер е Medusa филм. „Викајте ме Фрањо“ го следи животот на Светиот Oтец од неговата младост до 13 март 2013 година, на денот на конклавата, кога беше избран за Папа.

Тоа е возбудлива и фасцинантна приказна за синот на италијански емигранти во Аргентина, Хорхе Бергољо, од моментот кога го открива својот позив, низ темните години на воената диктатура и зафатеноста со пастирска дејност во предградието на Буенос Аирес, до неговиот избор за глава на Католичката црква. Приказна која никој не ја знае и која допрва треба да биде раскажана. Приказна која целиот свет, дури и оној на лаиците или на луѓето од другите вери ја очекува со огромен интерес.

Идејата да се раскаже животот на Папата е на продуцентот Пиетро Валсеки, основач на продуцентската куќа TaoDue. Инспирацијата тој ја добил неколку месеци по изборот на Бергољо за Папа, кога доби историско значење изборот на оваа личност. Пјер Силвио Берлускони и раководителите на Mediaset веднаш го поддржаа проектот за филм со такво епохално значење, кој ќе има пазар на глобално ниво. Филмот е со меѓународна екипа, но режисерот е Италијанец. Посветен е на првиот папа од Америка, приближување на региони од светот, јазици, култури, генерации и општествени класи, толку различни едни со други.

Проектот за филмот вклучува 15 недели за слики во Аргентина, Германија и Италија, 3000 статисти, безброј верски и историски референци за филмот, кои претендираат да го комбинираат почитувањето на историската вистина со возбудлив кинематографски јазик. „Викајте ме Фрањо“ ќе се прикажува во декември во 700 кино сали низ цела Италија.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот