Световните задоволства не даваат долготраен мир

Световните задоволства и овоземската моќ не даваат долготраен мир и среќа, туку верноста на Бог, чесноста и непорочен живот – рече Светиот Отец во проповедта на утринската света Литургија која ја служеше во светилиштето во Намугонгу во близина на Кампала.

Световните задоволства и овоземската моќ не даваат долготраен мир и среќа, туку верноста на Бог, чесноста и непорочен живот – рече Светиот Отец во проповедта на утринската света Литургија која по повод педесетгодишнината од прогласувањето за свети на Карл Лванг и другарите, која ја служеше во светилиштето во Намугонгу во близина на Кампала. Пред светата Литургија, Папата оддаде почест на мачениците од Англисканската црква. Сведоштвото на мачениците не треба да се чува во некој музеј, туку треба да се објавува на секое место. Во светилиштето и околу светилиштето беше тишина, собраност и молитва, но и голема радост меѓу десетици илјади присутни верници.

Вториот ден од апостолското патување на Светиот Отец во Уганда го започна во знакот на екуменизмот во крв. Папата најпрво го посети англиканското светилиште во Намугонгу каде што откри спомен плоча на 23 англикански маченици, кои се мачени и убиени на крајот на 19 век, а потоа заедно со англиканскиот бискуп се задржа во тивка молитва. Од англиканското светилиште Светиот Отец во папамобилот се упати кон католичкото светилиште посветено на блажен Павле VI подигнато на местото каде што на 3 јуни 1886 година бил запален свети Карл Лванго заедно со 21 други во време на зачестени прогони на христијаните. кој ги вовел во верата и покрај жестоките прогони од царот Мванде. Тие пред царот Мванде не ја сокриле својата вера во вистинскиот цар Исус Христос.

Слободното сведоштво на овие маченици од кои некои биле премногу млади допрело до крајните граници на земјата, а е големо наследство кое треба да се пренесува. Со ова наследство не се збогатува присетувајќи се на околностите или чувајќи го во некој музеј како да е некој скапоцен камен. Навистина тоа е чествување, а сите светци ги чествуваме ако нивното сведоштво го носиме во своите домови и на своите ближни, на работните места и во граѓанското општество; кога сме во својот крај или кога заминуваме во најодалечените места во светот – рече Папата.

Не може да се ограничи дарот на Светиот Дух – рече Папата потсетувајќи како свети Карл Лванга и другите откако биле поучени во верата го пренеле она што го примиле во опасните времиња и како нивното сведоштво и денес зборува, Го навестува Христос и силата на крстот. Не бил загрозен само нивниот живот, туку и животот на момчето кое било доверено на нивна грижа; не се плашеле на другите да им Го навестат Христос, дури и по цена на животот. Нивната вера станала сведоштво. Почитувани како маченици нивниот пример денес вдахнува многу луѓе во светот – рече Светиот Отец.

Оживувајќи го дарот на Светиот Дух како мачениците и ние ќе станеме ученици мисионери кои Христос ги повикува тоа да бидеме за своите пријатели и за оние кои не ни се наклонети. Тоа отворање започнува во семејството, училиштето на љубовта и милосрдието, а се покажува во грижата за старите, сиромашните, вдовиците и сираците – истакна Папата.

Сведоштвото на мачениците покажува дека световните задоволства и земската моќ не даваат трајна радост и мир, туку верноста на Бог, чесноста, непорочниот живот и искреното заземање за доброто на другите. Ова не го намалува нашето заземање во светот, како да гледаме само на идниот живот. Напротив, дава смисла на овоземскиот живот, ни помага да допреме до оние во потреба и со другите да соработуваме за општото добро и да градиме поправедно општество, кое би го промовирало човечкото достоинство, не исклучувајќи никого, би го бранел животот, дарот Божји и би го заштитувал природните убавини и нашиот заеднички дом – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот