Светиот Престол изразува солидарност со луѓето во Украина

Во Женева се одржа 28-то заседане на Советот за човекови права, каде што надбискупот Силвано Томази, постојан набљудувач на Светиот Престол при ОН побара солидарност и подршка за украинскиот народ од каритативните организации во Католичката црква и од меѓународната заедница

Светиот Престол уште еднаш ја изрази својата блискост и солидарност на сите луѓе во Украина, чија земја и понатаму ја погодува сегашниот конфликт – рече надбискупот Силвано Томази, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Женева, по повод 28-то заседание на Советот за човековите права за Украина.

„Светиот Престол нагласува итна потреба за почитување на меѓународното право на прашањето за украинската територија и граници“, која е „клучна компонента во обезбедувањето на стабилноста, како на национално, така и на регионално ниво“ како и за повторно воспоставување на законот за владеење, „врз основа на целосното почитување на сите основни човекови права“ – рече монсињор Томази.

Од оваа гледна точка – додаде надбискупот – треба да се поздрават постапките за примирје, кои се важен услов за политичките решенија – решенија кои треба да се постигнат само преку дијалог и преговори. Предуслов за подобрување на хуманитарната ситуација е придржување на постигнатите договори. Пред сѐ, потребно е да се спречи загубата на човечките животи, насилството и злоупотребата – а тоа го вклучува и ослободувањето на незаконски затворените лица – рече потојаниот набљудувач при Светиот Престол.

Надбискупот изрази загриженост за луѓето погодени од сиромаштија, од глад, од несигурноста и ризиците по здравје, како и за ранетите и загинатите луѓе. „Во оваа вонредна состојба, Светиот Престол е одлучен да пружи помош преку своите институции и бара од каритативните организации во Католичката црква да се интензивираат и да ги координират своите напори околу помагањето на укранискиот народ. Светиот Престол исто така сака да изрази дека се потпира и на солидарноста на меѓународната заедница“ – рече на крајот надбискупот Силвано Томази.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во пеќатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот