Светиот Престол ја повика меѓународната заедница „да ја држи под контрола влошената должничка криза во многу земји во развој“.
Ова во среда, 24 април 2024 година во Њујорк го изјави надбискупот Габриеле Кача, постојан набљудувач на Светиот Престол во ОН. За многу земји во развој, долгот стана „неподнослив товар што го попречува нивниот развој“. Загрижувачки е што четвртина од светското население живее во земји „каде што владата троши повеќе на камати отколку на образование или здравство“.
Неподносливи товари
Ватиканскиот дипломат буквално рече: „Таквата реалност е некомпатибилна со одржливиот развој“. Затоа сега е моментот „да се имплементираат нови форми на солидарност во мерките за пресврт во растечките економски нерамнотежи“. Отпишувањето на долговите и реструктуирањето може да ги ослободи земјите во развој од неодржливиот долг. Ова ќе им овозможи да направат „важни инвестиции во здравството, образованието, отворањето работни места и социјалната заштита“.
Ватикан њуз/к.мк