Светиот Отец упати апел за мир

Папата Фрањо во недела на 4 мај пред молитвата Царице Небесна, упати апел за молитва за мир и собраните верници ги поттикна напнатата ситуација во Украина да ја доверат на Богородица. Тој истакна дека моли за жртвите кои настрадаа последните денови, молејќи го Господ во срцата на сите да произлезе чувство на миротворство и братство. Потоа поттикна на молитва за настраданите во Авганистан и посака Господ кој ги познава срцата на секого од нив, да ги прими во својот мир, а на преживеаните да им даде сила да можат да одат напред, со поддршка на оние кои се заземаат за олеснување на нивното страдање.

Папата пред молитвата Царице Небесна, зборуваше за евангелскиот дел од третата воскресна недела и за искуството на двајцата ученици на патот за Емаус. По Исусовата смрт и саботата, го напуштаат Ерусалим и жалосни и депресивни се враќаат во своето место, кое се вика Емаус. Воскреснатиот Исус по патот им се придружува но не го препознаваат. Гледајќи ги потиштени, прво им помога да разберат дека маката на Месијата и смртта биле во Божјиот план зацртани и во Светото Писмо претскажани и со тоа во срцето повторно им го разгоре пламенот на надеж, рече Папата.

Поради тоа учениците биле силно привлечени од тој таинствен човек и го повикале да остане со нив таа вечер. Исус прифатил и влегол со нив во куќата. Додека биле на масата, Он зеде леб, го благослови и прекрши, а тие во тој гест го препознале, а Тој веднаш исчезнал, оставајќи ги во големо чудење. Откако со просветителното Слово, го препознале преку кршењето на лебот, веднаш почувствувале потреба да се вратат во Ерусалим и своето искуство да го соопштат на останатите ученици; дека го сретнале Исус жив и дека го препознале во кршењето на лебот. Така патот за Емаус станува симбол на нашиот пат на верата: Писмото и Евхаристијата се неопходни елементи за средба со Господ, рече Папата.

И ние често доаѓаме во недела на литургија со нашите грижи, тешкотии и разочарувања… Животот понекогаш нѐ ранува и кон својот „Емаус“ заминуваме нажалени; и на Божјиот план му свртуваме грб; се одделуваме од Господ. Но тука во литургијата нѐ чека Божјиото Слово: Исус ни разјаснува и во нас повторно го запалува пламенот на верата на надежта, и во причеста ни дава сила. Божјо Слово и Евхаристија, повтори Папата, поттикнувајќи ги сите секој ден да читат по еден дел од Евангелието и во недела да одат на причест за да се прими Исуса.

Секогаш Божјото Слово и Евхаристијата нѐ исполнуваат со радост, запамтете го тоа, истакна Светиот Отец и додаде: Кога си тажен или депресивен, земи го Божјото Слово и оди во недела на литургија и причест, за да учествуваш во Исусовото таинство, бидејќи Божјото Слово и Евхаристијата нѐ исполнуваат со радост.

Потоа Папата ги повика сите присутни по заговор на Пресвета Марија да молат секој христијанин да го доживее искуството на учениците од Емаус, посебно на неделната литургија; повторно да открие трансформирањето на милоста на средбата со воскреснатиот Господ кој е постојано со нас. Секогаш има некое Божјо Слово кое може да нѐ насочи по нашето лутање; секогаш е тука во Прекршениот Леб кој во нашиот замор и разочарување ни дава сила за да продолжиме по патот.

По молитвата Царице Небесна, Папата потсети на Националниот ден на Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“ и рече дека се радува, ако на Бог му се допадне наскоро ќе го посети Медицинскиот и хирушкиот факултет и клиниката Џемели која ова година навршува 50 годишнина од своето постоење. Младите за кои стана посебно збор на Националниот ден на универзитетот Пресвето Срце, Папата порача дека тие се носители на иднината и дека веќе се влезени во иднината и во историјата.

Потоа упати поздрави до разните групи, здруженија и движења од Италија и светот, по што со своот вообичаен поздрав го отпушти мноштвото.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот