Светиот Отец се сретна со претседателот на Еквадор

Ватикан, 19.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во петок, 19 април го прими на аудиенција во Ватикан претседателот на Република Еквадор Рафаел Делгадо. За време на пријатниот разговор, се вели во соопштението од Ватикан, станало збор за „придонесот на Католичката црква на различни општествени полиња, како и нејзината улогата за развојот на постојан дијалог помеѓу државата и Црква во пресрет на главните предизвици со кои се соочува општеството”. Освен тоа била нагласена „клучната улога на социјалната правда и солидарноста во потрага по општото добро”. На крајот од соопштението стои дека се разговарало и за некои актуелни теми од регионот, респектот кон домородното население и нивната култура, како и за заштитата на природата.

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<