Светата Тајна Исповед во зборовите на папата Фрањо
Божјото милосрдие секогаш ќе биде поголемо од секој грев – напиша папата Фрањо на својот твитер профил на девет јазици @Pontifex. Таа мисла е содржана во булата „Misericordiae Vultus“ со која го најави Јубилејот, а во која Папата повикува повторно и уверено во центарот да се стави светата Тајна Исповед.
Божјото милосрдие секогаш ќе биде поголемо од секој грев – напиша папата Фрањо на својот твитер профил на девет јазици @Pontifex. Таа мисла е содржана во булата „Misericordiae Vultus“ со која го најави Јубилејот, а во која Папата повикува повторно и уверено во центарот да се стави светата Тајна Помирување затоа што тоа ни овозможува со раката да ја допреме големината на милосрдието.
Никој не може да постави граница на љубовта со која Бог простува – напиша папата Фрањо во текстот на булата. Меѓутоа и прошката има еден услов – потсети Папата на почетокот на оваа година – Нема ниту еден грев кој Бог не може да го прости! Само оној кој е надвор од Божјото милосрдие не може да се прости, како што некој кој го избегнува сонцето не може да биде осветлен ниту стоплен – рече Светиот Отец во говорот до учесниците на курсот на Апостолската покорница, во март ова година.
А на Генералната аудинција на 16 декември истакна дека Исповедта е еден од важните знаци на Светата година. Бог нè сфаќа и во нашите ограничувања, нè разбира и во нашите противречности. Не само тоа Тој со својата љубов ни зборува дека токму кога ги признаваме своите гревови ни е уште поблиску и нè поттикнува да гледаме напред. Ни кажува и повеќе: кога ги признаваме своите гревови и молиме за прошка на небото е големо славење. Исус слави; тоа е Неговото милосрдие.
Прошката на гревовите не е плод на нашите напори – истакнува папата Фрањо – туку дар на Светиот Дух Кој нè оздравува. И тоа не е нешто што можеме сами да си го дадеме. (…) Прошката се бара; се бара од некој друг, а во Исповедта го бараме од Исус – рече Папата на Генералната аудиенција на 19 февруари и рече: Некој би можел да каже: јас му се исповедувам само на Бог. Да, можеш да му кажеш на Бог прости ми и да ги кажеш своите гревови, но нашите гревови се и против браќата, против Црквата. Заради тоа е потребно да се бара прошка од Црквата, од браќата, во личноста на свештеникот – објасни Светиот Отец.
Меѓутоа – според зборовите на Папата – Исповедта не смее да биде мачење. Исповедниците треба да го почитуваат достоинството и личниот живот на секој човек. И најголемиот грешник кој доаѓа пред Бог да бара прошка е „света земја“ … која треба да се посвети, да се негува грижливо и со пасторална побожност. Од исповедилницата сите би требало да излеземе со радосни срца и лица од кои зрачи надеж – истакна папата Фрањо.
РВ/к.мк/Д.И.