Салваторе Мартинез за средбата на црковните движења со папата Фрањо

Ватикан, 21.5.2013 /к.мк/ – Сеуште силно одекнуваат зборовите што папата Фрањо, најпрво за време на бдеењето, а потоа и на Литургијата на Духовден, ги упати на илјадниците верници, членови на движењата, новите заедници и здруженијата, кои во сабота и недела на 18 и 19 мај, се собраа на плоштадот Свети Петар. Папата Фрањо меѓу другото потсети дека Господ нѐ чека и ги поттикна христијаните за сведочење на верата одејќи кон периферните делови на животот, како и на животот во Црквата отварајќи му се на Светиот Дух, а притоа не затворајќи се во копнежот за самостојност.

Салваторе Мартинез, претседател на движењето Обнова во Духот, во разговор за Радио Ватикан го истакна повикот на Папата за залагање за заедништвото, а потоа забележи дека зборовите на Папата се во континуитет со зборовите на неговите претходници. На крајот потсети на актуелноста на новата евангелизација. Светиот Отец, освен тоа, предупреди дека понекогаш ние сакаме да го водиме Светиот Дух, наместо да се препуштиме Тој нас да нѐ води. Затоа понекогаш доаѓа до страв, а тој се победува со доверба. Вреди да му се довериме на Светиот Дух.

Осврнувајќи се на зборовите на Папата во однос на тоа дека Господ нѐ чека, Мартинез рече дека тоа значи дека Господ им претходи на љубовта, на нашите желби, ни доаѓа во помош, ни доаѓа во пресрет познавајќи ги човечките потреби.

Светиот Отец посебно истакна дека Црквата треба да излезе надвор од себе за да достигне до периферните делови на животот. Не може да станеме добро воспитани христијани коишто за теолошките работи разговараат мирно, со чаша чај – истакна Мартинез алудирајќи на зборовите на Папата, и напомена дека „Обновата на Духот“ посебно се залага општо за семејството, но и за тоа што е најпотребно. Притоа посебно ја спомна состојбата на семејството во Молдавија, каде владее голема морална, фамилијарна и економска криза. Освен тоа, Мартинез се присети и на семејството на некогашни затвореници, и крајот потсети на проектот кој е во фаза на реализација наречен „Десет плоштади за Десетте Божји заповеди“ и е во склоп на инцијативата со која во повеќе големи градови во светот, на креативен начин, луѓето се запознаваат со Десетте Божји заповеди. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<