Русите сакаат да го видат Папата во нивната земја

Москва, 23.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо е добродојден во православна Русија. Според акнетата на Институтот за јавно мислење од Левада, 71 % Руси посакуваат Папата да ја посети нивната земја, јавува КНА. Руските медиуми истакнуваат дека релативно големиот број испитаници се изјасниле за подобри односи помеѓу Католичката и Православната црква. Против посетата на Папата се изјасниле само 9% од испитаниците. Според анкетата 35 % од испитаници изјавиле дека во март преку медиумите го следеле изборот на папата Фрањо. Околу 47 % од анкитераните изјавиле дека слушнале за изборот на новиот Папа, додека пак 18 % не знаеле за изборот на новиот Папа. Скоро 43 % од испитаните очекуваат од папата Фрањо напредок во односите на двете Цркви, а 18 % го имаат спротивното мислење. Поделени се мислењата за актуелните односи помеѓу католиците и православните. Така 29 % од испитаниците сметаат дeка двете Цркви се доволно блиски и имаат пријателски односи, додека 40 % посакуваат поблиски односи, а само 6 % го мислаат спротивното, односно двете цркви се доволно блиски. Според испитувањето на јавното мислење во Русија околу 3/4 од населението се изјаснуваат за православни христијани. Околу 1 % од 143 милиони граѓани се католици, а околу 10 % муслимани.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<