Работата на здравствениот работник е позив

„Да се довериме на милосрдниот Исус како Марија: што и да ви каже, направете“. Тоа е темата на пораката на Папата Фрањо за Светскиот ден на болните, кој ќе биде одбележан свечено во градот Назарет, на претстојниот 11-ти февруари.

Настанот беше претставен на 28 јануари во ватиканскиот прес центар од страна на монсињор Зигмунт Жимовски, претседател на Папскиот совет за душегрижништво на здравствените лица.

Во пораката на Папата се наведува дека „овој ден се вклопува соодветно во вонредниот Јубилеј на милосрдието. Затоа е и изборот на градот Назарет, во Галилеја, каде Исус го прави првото чудо со застапништвото на својата Мајка, каде врши и голем број исцелувања – знак на близина на болните и оние кои страдаат“. Папата пишува уште дека „тешката болест секогаш го вознемирува фундаменталното човеково постоење и е исполнета со прашања поставувани подлабоко“.

„Ако верата во Бог е ставена на испит, во исто време таа ја открива целата своја позитивна сила“, истакна монсињор Жимовски и нагласи дека токму во тоа се крие причината за прославата на Светскиот ден на болните:

„Да се прави добро на оние кои страдаат (…) најважно е да сме блиску до оној кој страда, бидејќи тој има потреба најмногу од нашето присуство, од човекот, од човечкото срце исполнето со сочувство и хумана солидарност“.

Монсињор Жимовски го истакна и значењето на институциите кои се занимаваат со здравството:

„Затоа по секоја цена треба да ја одржуваме убавата традиција: на активностите на лекарот и на медицинскиот работник не треба да се гледа само како на професија, туку пред сè како служење, како позив.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот