Против христијаните во Европа во 2019 направени речиси 600 злосторства од омраза

Против христијаните во Европа во 2019 направени речиси 600 злосторства од омраза

Организацијата за безбедност и соработка на Европа во понеделникот на 16 ноември објави податоци за направени злосторства од омраза кон христијаните во Европа во текот на 2019 година, објави Catholic News Agency.

Наведените инциденти вклучуваат и напади на католички свештеници, палење на Католички цркви, уништување на ликови на Блажена Дева Марија, уништување на советувалишта за трудници и кражби на Пресветото од Дарохранителницата.

Во Франција се направени најмногу злосторства од омраза – 144 од кои поголемиот дел се напади на Католички цркви. Организацијата за безбедност и соработка на Европа исто така известува за 81 инцидент во Германија, 75 во Швајцарија и 70 во Италија.

На пример во Франција во февруари 2019 година е разбиена Дарохранителницата и се украдени се речиси 300 хостии. Во Полска пак во јуни 2019 година со нож е избоден свештеник додека влегувал во црква пред светата Литургија, а друг свештеник во ноември е претепан од група која се обидела да ја осквернави црквата.

Забележани се и разни начини на уништување на набожни статуи и слики како кршење, размачкување со измет, шарање со графити, кражби итн. Најмногу палења на црви е забележано во Франција (најмалку 20 меѓу кои и едно за време на неделната света Литургија) и во Германија.

Вкупно се забележани 595 инциденти. Од нив 459 биле на имот, а 80 на луѓе. Речиси четвртина од случаите се пријавени Светиот Престол. Во наведениот извештај ОБСЕ наведува и податоци за злосторства од омраза кон групи објави Catholic News Agency.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот