Папата Фрањо приватно се сретна со млади украински ходочасници

Папата Фрањо приватно се сретна со млади украински ходочасници

Папата Фрањо во четвртокот наутро, на 3 август, приватно се сретна со група од 15 украински ходочасници, изразувајќи ја својата молитвена близина со нив. На светата Литургија Папата се помоли и за вероучителката на Светскиот ден на младите, која почина во Лисабон.

Папата  Фрањо во четврток наутро, 3 август 2023 година, приватно се сретна со група од 15 украински ходочасници, по неговите безбројни апели од почетокот на војната со кои повикува на мир и крај на војната во Украина.

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол во кратка изјава ја потврди средбата што се одржа пред Папата да се сретне со студентите.

„Утринава, пред да појде од Апостолската нунцијатура“, стои во соопштението, „папата Фрањо се сретна со група од 15 млади ходочасници од Украина, придружувани од Денис Колада, советник за дијалог со верските организации во украинската влада“.

„Откако ги слушна нивните трогателни приказни“, рече директорот Матео Бруни, „Папата им упати неколку зборови на младите, изразувајќи ја својата „тажна и молитвена“ близина.

На крајот од 30 минутната средба, се посочува во соопштението, Папата и младите заедно молеа Оче наш, „со мисли насочени кон напатената Украина“. Папата утрово имаше уште една важна средба: на светата Литургија, која ја служеше во нунцијатурата, се сретна со четворица членови на семејството на 62-годишната вероучителка и аниматорка од Франција која дошла во Лисабон на Светскиот ден на младите и во несреќен случај го изгубила животот во куќата каде што престојувала.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот