Папата Фрањо на 28 август 2022 година во Аквила служеше света Литургија пред базиликата Santa Maria di Collemaggio и врз основа на евангелието на неделната Литургија се фокусираше на темата понизност, прошка и кроткост, говорејќи им на локалните жители: „Вие можете да го сочувате милосрдието затоа што сте искусиле беда.“ Неговата проповед ја пренесуваме во целост.
Понизните се вистински победници. Нема друг начин да се изврши Божјата волја освен да се облечеме со силата на понизните, напомена папата Фрањо на Литургиското славење во Аквила. Понизните во очите на луѓето изгледаат слаби и губитници, но всушност се вистински победници, затоа што се единствени кои целосно се доверуваат на Господ и ја познаваат неговата волја.
„Во духот на светот, во кој доминира горделивоста, денешното Слово нѐ повикува да станеме понизни и кротки. Понизноста не се состои во обезвреднување на самите себе, туку во оној здрав реализам кој нѐ тера да ги препознаеме своите потенцијали, но и својата беда. Поаѓајќи токму од нашите беди, понизноста нѐ тера да го свртиме погледот од себе за да го свртиме кон Бог, Оној Кој сѐ може и постигнува за нас и тоа што сами не можеме да го имаме.“
Силата на понизните е Господ, а не стратегиите, човечките средства, логиката на овој свет, напомена Папата. Во таа смисла Целестин V бил храбар сведок на Евангелието, затоа што никаква логика на моќта не можела да го затвори и со него да управува. Во него се восхитуваме на Црква ослободена од световните логики и целосно сведоци на она Божјо име кое е Милосрдие.
Прошката нѐ приближува до воскресението
Милосрдието е самата срж на Евангелието, рече Папата, затоа што тоа е да „знаеш дека сме љубени во својата беда.“ Да бидеш верник, објасни, не значи да се пристапува на мрачен Бог кој влева страв, туку да се приближиш на Исус, Синот Божји, Кој е Милосрдие на Отецот и Љубов која спасува. Аквила со векови го чувала жив дарот кој го оставил папата Целестин V.
„Привилегија е да ги потсетуваш сите дека со милосрдието и само со него животот на секој маж и жена може да се живее со радост. Милосрдието е искуство каде се чувствуваме прифатени, подигнати, зацврстени, оздравени, охрабрени. Да примиш прошка значи да го искусиш овде и сега она што некако е најблиску до воскресението. Да примиш прошка значи да преминеш од смрт во живот, од искуство на вознемиреност и вина во искуство на слобода и радост.“
Дарот на разбирање на туѓата болка
Базиликата Santa Maria di Collemaggio, може да биде место на помирување каде може да се доживее онаа Милост која нѐ подигнува и ни дава уште една прилика. Не само еднаш годишно, туку секогаш. Бидејќи како што рече Папата така се гради мирот: преку примена и дадена прошка. На оние кои се обидуваат повотрно да се дигнат на нога после земјотресот, папата Фрањо им порача:
„Кој страдал мора да знае да го цени сопственото страдање, мора да сфати дека во преживеаната темнина му е даден и дарот на разбирање на болката на другите. Вие можете да го чувате дарот на милосрдието затоа што знаете што значи да се загуби сѐ, да се види како се руши тоа што се изградило, да се остави тоа што вам ви било најдраго, да се почувствува болното отсуство на оној кој се сакал. Вие можете да го сочувате милосрдието затоа што сте ја искусиле бедата.“
„Земјотрес на душата“
Секој во животот, не е неопходно да доживее земјотрес, но може да каже дека има доживеано „земјотрес на душата“, кој го доведува во допир со сопствената кревкост, сопствените граници, сопствената беда, рече Папата. Во тоа искуство човекот може сѐ да загуби и да се научи на вистинска понизност. Во такви околности човекот може да дозволи животот да го изопачи или може да се научи на благост. Понизноста и кроткоста се особини на оние кои имаат за задача да го чуват и сведочат милосрдието.
Има едно ѕвоно за аларм кое ни кажува дали одиме по погрешен пат: мислата дека мора да го заземеме првото место.
„Премногу пати се мисли дека вредиш врз основа на местото кое го заземаш во овој свет. Човекот не е местото кое го зазема, туку е слободата за која е способен и која во целост ја покажува кога го зазема последното место, или кога му е резервирано местото на крстот.“
Евангелие, револуција на внатрешната слобода
Христијанинот знае дека неговиот живот не е кариера на начин на овој свет, туку кариера на Божји начин, кој за себе ќе каже дека дошол да служи, а не да му се служи (Марко 10,45).
„Се додека не сфатиме дека роволуцијата на Евангелието се состои во тој вид на слобода, ќе продолжиме да сведочиме за војни, насилства кои не се ништо друго туку надворешен показател на недостаток на внатрешна слобода. Таму каде нема внатрешна слобода си прави пат егоизмот, индивидуализмот, интересот и угнетувањето.“
Желбата на папата Фрањо е Аквила навистина да биде престолнина на прошката, мирот и помирувањето и Марија за луѓето во Аквила „да измоли прошка и мир за целиот свет.“
Ватикан њуз/к.мк