Проповед на Папата: Понизноста е патот до спасението

Јубилејот на милосрдието е побогат со уште една врата на милосрдието. Папата Фрањо на 18 декември попладне во кучата на римскиот Каритас ‘Don Luigi di Liegro’ во близина на главната железничка станица во Рим отвори Света врата.

Јубилејот на милосрдието е побогат со уште една врата на милосрдието. Папата Фрањо на 18 декември попладне во куќата на римскиот Каритас ‘Don Luigi di Liegro’ во близина на главната железничка станица во Рим отвори Света врата. Богатството, суетата и горделивоста не се патишатата до спасението. Спасот е во понизноста – рече Светиот Отец.

Господова е ова врата. Отворете ми ја врата на правдата. Господи благодарејќи ти за твоето големо милосрдие ќе влезам во твојот дом – со тие зборови Папата ја отвори Светата врата во куќата на Каритас, мало село на милосрдието во срцето на градот Рим. По кратката молитва, Папата влезе во мензата каде што заедно со волонтерите и вработените го чекаа повеќе од 200 гости кои ги претставуваат сите прифатни центри на бискупскиот Каритас. За нив оваа куќа не е само место каде што може да се задоволи гладта или засолниште од студот, туку и врата на помирувањето украсена со прегратката на милосрдието.

Посакувајќи Господ да ја отвори вратата на нашето срце, Папата ја предводеше светата Литургија на која учествуваат гостите на Каритас. Во проповедта поттикна Бог да се бара во оние во потреба. Ако сакаш да го најдеш Бог, тогаш барај го во понизноста, во сиромаштвото. Барај го таму каде што е сокриен: оние во најголема потреба, во болните, во гладните, во затворениците – рече папата Фрањо.

Богаството, одликувањата не ја отвораат небесната врата. Понизноста води до спасението. Нема пат на раскош, ниту пат на големи богатства, ниту пат на моќ има само пат на понизноста – истакна Папата, а потоа поттикна на молитва за градот Рим. Денес молиме за Рим, за сите негови жители, за сите започнувајќи од мене Господ да ни подари милост да се чувствуваме отфрлени затоа што не можеме да го заслужиме само Тој ни пружи милосрдие и милост. А за да се приближиме до таа милост мора да се приближиме до отфрлените, сиромашните оние во потреба – рече Папата.

По светата Литургија присутните со песна на Папата му го честитаа 79 роденден, а тој на крајот изрази желба: Би сакал на овој Божиќ Господ да се роди во срцето на секој од нас, Господ да биде во нас и нашите срца.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот