Промовиран албумот со духовни песни: Кога воскресна Господи…
Петралинци, 7.5.2013 /к.мк/ – На третиот ден од Воскресението Христово во парохиската црква Свети Кирил и Методиј – Петралинци, по завршувањето на светата Литургија се одржа промоција на албумот со духовни песни на групата Еклесија насловен „Кога воскресна, Господи…“.
Албумот е составен од седум духовни песни и за време на Велигденските празници групата Еклезија направи промоција во повеќе парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија. Музичката група Еклезија е составена од три члена: Македонка Ичева, Евгенија Гогова и Стефанија Ристоманова.
Името на групата Еклезија доаѓа од латинскиот збор ecclesia што значи Црква и има за цел преку песна да го навестува Словото Божјо. (го*ко)
Категорија:
Македонија