Продолжува Големата Мисија на плоштадот во Струмица

Струмица, 3.6.2013 /к.мк/+ – На плоштадот „Гоце Делечв“ Струмица, во недела 2 јуни продолжија катехезите на Неокатекуменскиот пат. Централната тема на неделната катехеза беше Керигмата, Радосната вест. Слушателите беа доста изненадени од начинот на кој беше преснесена Керигмата, не како теологија, не како нешто што се случило одамна, нешто што го знаеме сите и кое не е баш некоја нова вест, туку како живо Слово, жив настан кој во моментот кога се проповедува по силата на Светиот Дух се оприсутнува и станува нова Вест, Радосна вест за секој кој слуша. Ова ја направи Керигмата да биде блиска и присутна во живот на денешниот човек.

Пред навестувањето беше одслужена Вечерна служба. Катехезите кои ги држи Неокатекуменскиот Пат на плоштадот „Гоце Делчев“ продолжуват и следната недела, 9. јуни, со почеток во 16.00 часот. (И.П.)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<