Проверка на факти: Дали Папата навистина му бакнува рака на Рокфелер?!!

Проверка на факти: Дали Папата навистина му бакнува рака на Рокфелер?!!

Сигурно сте сведоци на повеќе фотографии и објави на социјалните мрежи во кои одредени црковни лица се поврзуваат со најразновидни теории на заговор, па дури и самиот Папа. Кој има корист од сето ова? Кој има корист да се напаѓаат луѓе кои се застапуваат за верата, сиромашните, отфрлените… Кој има корист од тоа кога доброто се прави зло, а злото добро. Кој друг ако не оној кој е татко на лагата – ѓаволот. Не наседнувајте на лажни вести. Споделувајќи вести кои одат во корист на сатанските планови и вие станувате нивни соработници. И замислете колку навреди се искажуваат во коментарите, иако за тоа нема основа. Се плука на она што е добро, а ѓаволот поради тоа што не можеме да распознаваме добро од зло е задоволен и неизмерно среќен. Не коментирај кога не ти се јасни работите.

Проверувајте ги фактите, не дозволувајте да бидете лесен плен, не се фаќајте како риба на јадица! Подолу само еден од многуте примери.

На фотографијата се гледа како папата Фрањо бакнува рака на еден човек. На Фејсбук се тврди дека станува збор за член на семејството Рокфелер.

СЕ ТВРДИ:

Папата Фрањо бакнува рака на член на семејството Рокфелер.

ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:

Ова не е точно, човекот на кој Папата му бакнува рака е преживеан од Холокаустот, кој се вика Елиезар Гринфелд и не е член на семејството Рокфелер. Фотографијата е стара неколку години. Лажна вест.

На Фејсбук кружи фотографија на која се гледа како папата Фрањо бакнува рака на еден човек. За сликата пишува: „Ако дури и Папата му бакнува раката на Рокфелер, треба да ни е јасно како функционира светот.

„Нашето истражување покажува: Тврдењето е погрешно. Фотографијата е од 2014 година и го прикажува папата Фрањо во посета на спомен обележјето на Холокаустот во Израел. Во знак на почит, Папата им бакна раце на неколкумина преживеани од холокаустот.

Користејќи го пребарувачот за фотографии Yandex, најдовме бројни објави за фотографијата, вклучително и извештаи на медиумите од 2014 година. На пример,  Arizona Jewish Post ја користеше фотографијата за статија од 27 мај 2014 година, во кој се зборува за посетата на Папата во Израел.

Папата Фрњо го посети споменикот на холокаустот Јад Вашем во 2014 година

Насловот на фотографијата гласи: „Папата Фрањо бакнува раката на еден човек кој го преживеал холокауст во споменикот на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим, 26 мај 2014 година.“ Фотографијата е потпишана со „Amos Ben Gershom/GPO/FLASH90. Flash 90 е израелска фото агенција, Amos Ben Gershom е израелски фотограф.

Коректив/к.мк/го*ко

Категорија: Колумни

За авторот