Wi-Fi: Божиќ. Лозинка: Малиот Исус

Секое дете кое ќе се роди не потсетува на тоа дека Бог не се изморил од човекот! Ни пристигнува Божиќ и пристигнува и Синот Божиј, Бог Кој се направил толку мал што самата помисла предизвикува емоција… Сепак, Тој така избрал, избрал да има потреба за некој кој ќе го прегрне, ќе го лула, ќе му даде да јаде, ќе го измие, ќе го насмее, ќе го утеши кога ќе заплаче… каква нежност – еден таков Бог! (…)

Денес сум татко и свесен сум колку е важно да им се зборува на децата за Исус, да направиш да го запознаат Исус затоа што нашите млади растат во една тешка реалност каде што има многу малку место за Бог, речиси и нема. И ако децата ниту дома не го пронајдат Бог паѓаат во ризик. Ризикуваат да го пропуштат животот дури и ако станат лекари, професори, политичари или кој знае кој!

Ако во животот не го сретнеш Бог си го промашил! За мене тоа е Божиќ. Не може, не треба и не смее да остане само едно убаво чувство. Тоа е спомен на Бог Кој ме љуби и ме љуби толку силно што ми го доверил својот Син! Каква голема доверба! Божиќ е време на дарување… маркетингот тоа многу добро го знае, децата ги бараат најдобрите смартфони, најбрзите, најголемите… не оние праисториските. Во светот на технологијата работите стојат вака: штом купиш нова работа, веќе е „стара“… Младите бараат од нас да одиме во чекор со времето. Кое време? Каков чекор?

Се сеќавам на погледот на мојот најстар син кога го доби својот прв мобилен телефон – беше среќен, воодушевен… но потоа се појавија проблемите, вистински проблеми. Додека сè уште го немаше секогаш се слушаше истата приказна: Сите имаат… не можам да комуницирам со пријателите…итн. Сега кога го има е уште потешко. Треба да му го ограничиш времето за користење, да го следиш што пребарува на интернет, што гледа и што пишува. Немам илузија дека мојот син исправно го користи мобилниот телефон, затоа што не е така!

Нашите деца тинејџери се мачат затоа што во раката имаат апарат повозрасен од самите нив, имаат порнографија само со еден клик, можност за ризични и опасни средби, онлајн игри кои ги прилепуваат за себе, пат до едноставен влог. Ако недостасува Wi-Fi изгледа како да недостасува воздух за дишење; ако не се поврзани младите изгледаат исклучени! Поврзани на што? Со кој?

Оваа година сакам Божиќ за мене да биде нов повик за „поврзување“ со Бог и ќе барам Wi-Fi кое ќе ме држи „online“ со Исус. Колку е убаво кога ќе почувствувам дека ми недостасува воздух за дишење кога ја немам таа поврзаност; колку би било убаво кога нашите млади би го барале Исус како што бараат поврзување со мрежата…

На нас родителите, на нас кои сме мајки и татковци да им покажеме дека ни недостасува воздух кога не сме поврзани со Исус… да ја покажеме убавината и радоста на поврзувањето со Него. Јас прв ја имам таа потреба затоа што кога молам станувам подобар, станува посреќен и најнасмејан, повеќе сум во мир.

Всушност Wi-Fi мрежата со Бог е молитвата…, а лозинката се јаслите, Малиот Исус.

Среќно поврзување со Божиќ!

Марко Запела/Гласник Мира/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот