Префектот на Конгрегацијата за наука на верата одржа предавање на Католичкиот американски универзитет

Теолозите не треба да се задоволат само со интелектуалното истражување на вистината, туку треба да евангелизираат во љубовта, за да ја задржи Евангелието својата свежина, рече на 3 ноември 2014 година на предавањето на Католичкиот американски универзитет, кардиналот Герхард Милер, префект на Конгергацијата за науката на верата.

За темата „Donum Veritatis“, доприносот на Конгергацијата за науката на верата со теолошко настојување, кардиналот истакна дека треба да се цени каризмата на теолозите, кои ѝ помагаат на Црквата во нејзината ангажираност за евангелизација. Во вршењето на таа служба, која е спасително послание на Црквата, теолозите требаат секогаш да се сетат дека Црквата и теологијата постојат за да евангелизираат и поради тоа не треба да се задоволат само со теологија на маса.

Преносувањето на вистината треба да биде таква за да им овозможи на луѓето шанса за безрезервно препуштање и да им помогне на верниците да го остварат таквото дарување на себеси, тоа е задачата на Учителството на Црквата. Учителството, пак, рече кардинал Милер, не е надворешна служба која се наметнува на Црквата, туку се случува одвнатре во неа и произлегува директно од христијанската наука и вистина. Учителството не е нешто што ја спречува Црквата, туку ја прави слободна за поголемо предавање, бидејќи не е можно да се даде слобода, ако не се дава вистина, објасни Префектот. Тоа е целта на Учителството која врши служба за христијанската вистина.

Слободата потоа ја отвора Црквата заедно со нејзините теолози за послание кое својот контекст го пронаоѓа токму во евангелизациското послание на Црквата, истакна понатаму кардиналот Милер, заклучувајќи дека целата теологија настанува од љубов и од динамизмот на љубовта, бидејќи љубовта вклучува, секогаш поголема желба за познавање на саканиот.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот