Претставувајќи го новиот Директориум за катехеза претседателот на Папскиот совет за промовирање нова евангелизација Рино Физикела истакна дека целта не е светата Тајна, туку вклучување во животот на христијанските заедници.
Уште еден чекор на патот на континуитетот на катехезата по Вториот ватикански собор за да се одговори на предизвиците на дигиталната култура и глобализацијата на културата. Станува збор за нов Директориум за катехеза претставена вчера на 25 јуни 2020 година во Канцеларијата за печат на Светиот Престол. За документот на новинарите меѓу останатите им зборуваше надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, и истакна дека континуитетот на новиот Директориум одобрен од папата Фрањо е во повторното истакнување дека катехезата го опфаќа целиот живот на секој крстен, бидејќи е средба со Господ и учествување во неговото таинство на животот.
Новоста на документот е во тоа што во него се напоменува дека катехезата не се спроведува за да се прими некоја света Тајна, туку заради постепено вклучување во животот на христијанската заедница и за да го дадеме денес своето доследно сведоштво. Освен тоа, катехезата треба да влезе во затворите, треба да се сретне со мигрантите, да ги опфати луѓето со инвалидитет и тие најслабите, за никој да не биде оставен сам на својот пат на верата.
Главна точка и карактеристика на новиот директрум е – објасни надбискупот Физикела – интензивно делување кое ја поврзува катехезата со евангелизацијата, и која од првото навестување на Христос создава упориште за обновена катехеза. Токму тоа е на истата бранова должина со она што папата Фрањо го напоменува за катехезата во апостолскиот поттик „Радоста на Евангелието“. Тој сака керигматска катехеза; односно ја истакнува потребата за поврзаност на евангелизацијата и катехезата. Катехезата е еден дел од евангелизацијата, а не нејзина алтернатива – истакна пак надбискупот Физикела.
Ватикан њуз/к.мк