Претседателите Махмуд Абас и Шимон Перес го прифатија повикот на Папата за заедничка молитва за мир
Палестинскиот и израелскиот претседател Махмуд Абас и Шимон Перес го прифатија повикот на Папата за заедничка молитва за мир. И двајцата наредниот месец, додека сѐ уште трае мандатот на Перес, ќе се сретнат со Папата во Ватикан и ќе молат за мир, јавија изралеските медиуми повикувајќи се на канцелариите на односи со јавноста на двајцата претседатели. Отец Федерико Ломбарди за новинарите изјави дека не е одреден точниот датум на молитвата во Ватикан, и додаде, колку што му е познато на него, досега ниту еден Папата нема упатено слична покана.
„Ви го нудам својот дом во Ватикан како место за таа молитвена средба“, рече Папата после молитвата Небесна Царица во Витлеем.
Папата истакна дека сите сакаме мир, а многумина го градат преку мали гестови и дела, од ден на ден. Исто така предупреди на обврската на сите, а посебно на оние кои се во служба на својот народ да бидат инструмент и работници за мирот, посебно со своите молитви. Да се гради мир е тешко, но да се живее без мир е постојана мака,.
После мисата и ручокот со христијанските семејства, папата Фрањо ја посети пештерата на раѓањето и бегалскиот центар, каде што се сретна со деца од бегалскиот логор Деишех, Аида и Беит Јибрин. Не дозволувајте минато да го одредува вашиот живот. Секогаш гледајте напред, рече Светиот Отец на децата и ги предупреди дека насилствот не може да се победи со насилство, туку само со мир. Со мир, работа и со достоинство унапредете ја татковината. Потоа им вети Папата дека за нив ќе моли Божји благослов, но исто така и нив ги да ги замоли и тие да молат за него.
Потоа Папата со хеликоптер е префрлен во Тел Авив, каде што е пшречекан од изралскиот претседател и премиер.
РВ/го*ко