Пресвето Срце Исусово
Месец јуни е посветен на Пресветото Срце Исусово, затоа Католици.мк ви пренесува дел од објавите на сестра Маргарета Марија Алакок, која е избрана од самиот Господ Исус Христос да биде гласник на пораките на Неговото Срце. Во едно од укажувањата Спасителот и ја објавува и побожноста за Прв петок во месецот.
Виденија и објави на Срцето Исусово
Првото беше на празникот свети Иван Евангелист на 27 декември 1673 година. Маргарета само што ја напушти домашната болница и отиде во капелата и клекна до решетките, каде што клаузурните монахињи од Посетата строго ги обавуваа своите молитви и побожности. Тогаш и се укажа нашиот Господ и таа целосно јасно и очигледно ја слушнала ова порака:
-Моето Божествено Срце е толку распалено од љубовта кон луѓето што повеќе не може во себе да ги задржи зраците на својата ревносна љубов, туку мора да ги распрсне. Тебе како бездна на недостојност и незнаење те избрав да го исполниш тој голем план, така што сè да биде направено за мене.
Мисијата била јасна, но светицата за да ја изврши и биле потребни светлина и милости. Господ тоа не и го скратил, бидејќи тој за вонредните планови дава и вонредни милости. И така во таа прилика на својата избраничка ја објавил –убавината на својата љубов и неискажливата тајна на своето Пресвето Срце, која до тој ден ја сокривал.
После другите укажувања помалку значајни, Господ на почетокот на 1674 година, веројано еден петок на Маргарета и објавил повторно нова голема порака.
Дека станувало збор за голема објава, сведочи и надворешниот декор на укажувањето. Господ со Срцето и се укажал на престол од пламен нов, што бил посветол од сонцето и јасен како најдобриот кристал. Но, во тој надворешен сјај според описот на Маргарета Исусовото Срце било крунисано со трновита круна, што ги симболизирала раните што му ги задаваме со своите гревови, а над Срцето се наоѓал крст; тој крст бил таму од првите часови од Неговото овоплотување, а тоа значи од часот кога било обликувано и Пресветото Срце; веднаш во него бил всаден и крстот полн со секаква горчина.
Описот на сестра Маргарета на тие објави е тежок, груб и рапав. Не била лесна на перото. Но, од она што тешко го изразила јасно произлегуваат две работи: најпрво, неизмерната љубов на Откупителот кон човекот, а потоа човечките гревови со кои неблагодарните луѓе ја навредуваат таа љубов. Тоа ќе дојде до израз особено во третата објава, која што е јасна синтеза на првите две. Таа објава се случила неколку месеци подоцна, еден петок, денот после празникот на Пресветата Евхаристија. Исус тогаш според описот на светицата се укажал –целиот во светлина на славата, со петте рани кои блескале како пет сонца, а од неговото свето човештво излегувале пламени од сите страни, особено пак од неговите убави гради кои биле слични на огниште; а биле отворени за да ја откријат целата љубов на тоа љубезно Срце кое беше оној вистинскиот извор на тие пламени.
И тогаш Исус се пожалил на човечката неблагодарност.
„За сите мои настојувања околу нивното добро, луѓето се ладни и безгрижни.“ Исус за возврат на таа неблагодарност бара од светицата надомест. Додека тоа го барал од Неговото Срце излегол толку ревносен пламен и помислила дека ќе ја уништи. Исус на ова порака го додал и ова: „Ќе ме примиш во светата Тајна секој пат кога послушноста ќе ти го дозволи тоа.“ А потоа побарал Причест на секој Прв петок во месецот, а како подготовка за тој свет час кој ќе се протега на земјата во ноќта помеѓу четврток на петок од 11 часот до полноќ. И така во побожноста Срце Исусово воведени се две главни вежби за надомест: светиот час и светата Причест на секој прв петок во месецот.
Возвишена мисија
Во една доцна објава во 1678 година Господ одново на Маргарета и го покажал богатството на своето Срце правејќи ја наследничка и делителка на истото. Можеме само да се восхитуваме за каква возвишена мисија била избрана светицата од Парај. Се покажала достојна за тој избор. Со целиот свој жар се дала на работа за ширење на побожноста на Срце Исусово. Работела со менталитетот и чувствителноста кои биле во средината во која живеела, но и во нејзиното време. Се знае дека писмено го повикала дури францускиот цар Луј XIV за своето царство да го посвети на Срцето Исусово. Во самиот манастир Посетување Маргарета на 20 јули со новицијатот ја искажала првата јавна чест на Срцето Исусово, а на 21 јуни следната година целата заедница и се придружила во прославата на празникот Срце Исусово.
Сестра Маргарет Марија Алакок е родена на 22 јули 1647 година во Lautecouru, Бургундија, недалеку од Парај ле Монијал. При една посета на манастирот Посетата во Парај ли Монијал таа го слушнала Божјиот глас и желба таа да биде овде. Папата Пио IX на 24 април 1864 ја прогласил за блажена. За светица е прогласена на 13 мај 1920 година од папата Бенедикт XV.
Време срца/к.мк/Д.И.