Најстариот свештеник на светот има 105 години и уште е актуелен парох

Патер Жак Клеменс е најстар свештеник на светот. Денес има 105 години. Живее во Налинес кај Шарлерој во Белгија.

Роден е на 11 јули 1909 година во холандскиот Ден Хааг. За свештеник е ракоположен на 5 јули 1936 во катедралата свети Павле во Литих преку полагањето на рацете на тогашниот бискуп монс. Керкхофс. Секоја недела во 09:30 часот слави светата Литургија во филијалната црква свети Бенедикт во населбата Бултија и уште една света Литургија, така што секоја недела слави две свети Литургии.

Веќе 78 години е свештеник, а и ден денес е парох во парохијата Налинес – Бултија, каде веќе делува преку 50 години. Член е на Латеранските регуларни каноници августинци од 1931 година.

Во семејството има еден брат и една сестра. Вели дека останал стопостотен холанѓанец. Неговиот тогашен парох му сугерирал ако веќе сака да стане свештеник да оди во соседната земја Белгија, каде имало недостаток на звања. Во Холандија тогаш имало многу повици. Го научил францускиот јазик.

На крајот од 1944 година дошол во Налинас. Во тоа време селцето Бултија почнало да се населува, меѓутоа немало црква. Уште како капелан тогаш покренал кампања за собирање на средства за изградба на црква. Камен темелникот е положен на 13 октомври 1957, а црквата е изградена и благословена веќе следната година на 14 декември 1958. Во црквата која ја изградил повеќе од половина век и ден денеска слави света Евхаристија, а на Литургијата му доаѓаат верници и од околните парохии. Велат дека има одлични проповеди. Патер Клеменс вели дека на свештеничкото ракополагање биле 35 кандидати.

За покојниот бискуп монс. Керкхофс вели дека бил свет човек и дека за време на тогашната војна спасил многу Евреи. И денес го вози својот автомобил, велосипед, а оди и на кратки излети. Вели дека во 1960 година најубав автомобил му бил трабантот. Иако за свештеник е ракоположен во Литих, најголем дел од својот живот преку години ги провел во бискупијата Турнаи.

Меѓугорје инфор/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот