Прес конференција на монс. Дуарте да Куња

Прес конференција на монс. Дуарте да Куња

На прес конференцијата одржана на маргините на пленарната сесија на CCEE во Познан поранешниот Генерален секретар на Советот на европските епископски конференции монс. Дуарте да Куња зборуваше за главните прашања со кои Црквата се соочувала во последните десет години.

Поранешнит Генерален секретар на Советот на европските епископски конференции (CCEE) монс. Дуарте да Куња кој на таа служба беше повеќе од десет години на 15 септември 2018 година претпладне одржа прес-конференција во прес центарот во Познан.

Зборувајќи за главните прашања со кои Црквата се соочуваше во овие десет години најпрво ја спомна новата евангелизација. Потсети дека во октомври 2012 година е одржана синода за новата евангелизација, а во 2013 година е објавен посинодалниот апостолски поттик „Evangelium gaudium. Радоста на Евангелието,“ на папата Фрањо. Во тие свои напори Црквата се обиде да одговори на прашањето како да ја сведочи верата, да ја живее верата и да ја пренесува на другите со тоа да ја сведочи милосрдноста.

Втората важна тема беше семејството. Семејството е во криза, децата се раѓаат надвор од семејствата, има се повеќе разводи, луѓе во втор или трет брак, расте бројот на старите лица. Тоа е криза во смисла на промената до која доаѓа во општеството, но и криза на вредностите која е предизвик за Црквата. Монс. Дуарте во тој контекст потсети на двете синоди за семејството и посинодскиот апостолски поттик „Amoris laetitia“ на папата Фрањо кој го продолжува континуитетот на учењето за семејството на своите двајца претходници. Темата за семејството секогаш била присутна во овие десет години, рече монс. Дуарте.

Економската и финансиската криза е третата важна тема која ја спомна монс. Дуарте. Европските општества настојуваат да најдат начини за да се справат со оваа криза која вроди со голема невработеност и миграција на работоспособното население внатре во Европа.

Други предизвици со кои Црквата и општеството во Европа се соочува и понатаму е стареењето на населението, демографската криза, бранот мигранти од Сирија, Ирак и сиромашните земји во Африка. Црквата е ангажирана на локално ниво за помагање на мигрантите, рече дон. Дуарте спомнувајќи ги драматичните искуства кои ги имал затоа што потребите се големи и ги надминуваат можностите за пружење помош кои ги има Црквата.

Сите тие проблеми не се само криза и предизвик, туку и можност. Мораме да се справиме со општетсвените проблеми, повикани сме да бидеме сол за да можеме да помогнеме. Мој впечаток е дека Црквата има послание да биде со луѓето во сите ситуации затоа што Црквата е Исусовото присуство. Црквата сѐ повеќе ја чувствува таа ситуација на криза како можност за навестување на Евангелието, рече Дуарте.

Откако му заврши службата Генерален секретар монс. Дуарте се враќа во Лисабон каде ќе ја врши службата парох во една неодамна основана градска парохија.

Претседателите на епископските конференции се собрани во Познан на годишна пленарна сесија (13-16 септември) во петок на 14 септември го избраа дон Мартин Михиличек за нов Генерален секретар со мандат од пет години. Монс. Дуарте да Куња ја вршеше службата Генерален секретар од 2008 до 2018 година.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот