Прва Света Причест во Чанаклија

На 29 мај во црквата посветена на Великомаченикот Георги Победител во Чанаклија, Прва Света Причест примија седум првопричесници. Големата радост поради примањето на Исус во Светото причастие ја споделија со мноштвото верници и блиски роднини од Чанаклија и од другите парохии.

Светата литуригија ја предвовеше парохот о. Спасо Ристов во сослужение со капеланот о. Ванчо Назов. Во својата проповед по повод овој голем ден за црквата и за првопричесниците, о. Спасо Ристов зборувајќи за отец Иван Виенеј ги поттикна младите првопричесници да бидат храбри и отворени за нова евангелизација на сите луѓе кои нѐ опкружуваат и со кои се среќаваме секојдневно. Тој истакна дека отсега овие деца треба да бидат храбри навестители и евангелизатори во своето село, своето училиште, семејство и во својата заедница.

На крајот од светата Литургија посебна благодарност о. Спасо Ристов упати до богословот Стоилчо Стојчев и чесните сестри кои помогнаа во подготовката на првопричесниците. Потоа следеше пригодно фотографирање и заедништво подготвено од родителите на првопричесниците.

к.мк/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот