Прва недела од Великиот пост

Прва недела од Великиот пост

Размислување според неделното Евангелие од Иван 1,43-51, наменето за Првата недела од Великиот постот

Црквата Великиот пост го нарекуваат духовно простување пред Велигден. Кога некој оди на долго патување, на планинарење, излет или поклонение на некое чудесно место, застанува во текот на патувањето за да се одмори за момент, да се увери дали е на вистинскиот пат, да добие сила и да може самоуверено да продолжи понатаму.

Секоја недела од Великиот пост може да се нарече духовна станица, која треба да ни помогне духовно да се зацврстиме во ова величествено и славно патување и духовна борба, да се увериме во исправноста на животот и духовниот пат, а следниот чекор е да се приближиме до Исус.

Првиот таков чекор е да се препознае Исус за што ни зборува неделното Евангелие. За да бидеме повторно соединети со Исус, да бидеме духовно воскреснати со Него, треба да се сретнеме и да го запознаеме во вашиот живот. Значи, мора да се одговори на прашањето: кој е за мене Исус, што знам за Него и колку го познавам лично. И треба да си го поставиме следното прашање: А што правам за подобро да го запознаам, да бидам со Него во животот и на тој начин да можам со доверба во Него да ја добијам помошта која ми е потребна.

Ако целта на постот е да бидеме духовно очистени и да воскреснеме за нов живот во Божјата љубов, тогаш целта на постот е и да ни помогне подобро да го запознаеме Исус како мој Бог, мој Спасител, како што вели Натанаил за Исус: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот Израилев!” (Иван 1,49). Може ли денес да кажам дека Исус е навистина мојот Бог, мојот Спасител, кој дојде на земјата за мене и стана човек, кој страдаше за мене, за да ми ја покаже неговата љубов, да ми го подготви патот кон небото.

За важноста на ова посведочил цар Давид со зборовите на псалмот: „Вкусете и ќе видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева!“ (Псалм 33,8). А апостол Иван го потврдува тоа во своето послание, велејќи: „Кој исповеда дека Исус е Син Божји, во него пребива Бог, и тој – во Бога“ (1. Иван 4,15). Познавајќи го Исуса, апостолите знаеле и ја почувствувале Божјата љубов кон него, се чувствувале подготвени да го следат и да го проповедаат неговото учење, па дури и да ги положат своите животи за него.

Потврда за важноста да се познава Исус за да се разбуди духот на покајание се зборовите од молитвата на свети Ефрем, во која тој му се обраќа на Бога со следните зборови: „Господи и Владико на мојот живот, дух на леност, безволност, властољубие и празнословие, не давај ми“. Тој го гледа Бога како некој близок и драг за себе, па со молитва и покајание сака да се очисти од гревовите и да ја обнови својата близина со Бога, љубовната врска со Него.

Воздржувањето од одредени јадења и забави, исповед и причест во постот, не е само почитување на црковните обичаи, почитување на традицијата. Тоа се моќни средства кои треба најпрво да ни помогнат подобро да го запознаеме Исус преку неговото учење за да можеме подобро да се запознаеме себеси; Божјите дарови и недостатоци кои го ограничуваат Божјиот пристап до мене.

Самото знаење го води христијанинот кон очистување на душата: умот, волјата, мислите, желбите и чувствата, до духовна обнова преку покајание. Нивото на познавање на Исус станува мерка за моето покајание.

Ова начело јасно го гледаме во неделното Евангелие: Андреј го сретнал Исус и потоа го донесува својот брат Симон кај Него; Филип се сретнал со Исус, а потоа го донесува и Натанаил кај Него. Како што гледаме, Исус е првиот што оди во пресрет на човекот, му пристапува и токму тоа кај човекот предизвикува интерес за него и го поттикнува да го следи.

За да може христијанинот да се покае за своите гревови и да се очисти од нив преку исповедта, прво треба да знае, што е она што го одвојува од Бога. Колку подобро го запознавам Исус во мојот живот, толку подлабоко е моето покајание, толку поцелосно е очистувањето на мојата душа и промената на животот, доближувањето до Бога, како што гледаме преку примерот на Натанаил.

Еве еден пример. Додека двајца пријатели разговарале, едниот од нив пушел и некое жарче паднало врз новата облека. Пријателот го забележал тоа, се свртел кон него и му рекол: „Имам нешто да ти кажам“. Но, тој остро одговорил: „Ако е нешто непријатно, подобро да не ми кажувај, ќе ми кажеш друг пат“. Жарчето го оштетувал новиот костум, но пријателот седел покрај него и не кажал ништо. Во попладневните часови, пријателот покажал на дупката од неговиот костум, изгорен од жарчето и му кажал: „Сакав да ти кажам дека ти падна жарче на облеката, но веќе е доцна“. А тој налутено рекол: „Зошто не ми кажа веднаш за тоа? „Ти кажав, но не сакаше да слушаш!

Да се познава Исус значи и да се познава во себе неговиот лик, иконата Божја, своето вистинско достоинство како Божјо дете, да се знае што ме зближува и соединува со Него, што нè прави слични на Него. На крајот на краиштата, ова е главната задача на постот. Зашто, каква корист има за христијанинот постот, ако не се приближи до Бога, не се соединува поблиску во верата и љубовта со Него.

Секоја недела од Великиот пост обидува да ни помогне подобро да ја разбереме состојбата на нашиот духовен живот, односно состојбата на Божјиот лик во нас, ни дава некои совети, ни покажува како да се очистиме, обновиме, односно да стекнеме ново знаење за Бога, да изградиме нови духовни односи со Него преку Евангелието, молитвата, покајанието и исповедта.

Па, така да одговориме на Христовиот повик во ова спасително време на Великиот пост, бидејќи во храмот Божји, Он подготвува средба со нас, тука дејствува Неговата мислост, нашиот дух се зајакнува и нашиот начин на живот станува посветол.

Редемптористи/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот