Православните Цркви во целиот свет ги повикуваат верниците на молитва и придружување на препораките

Православните Цркви во целиот свет ги повикуваат верниците на молитва и придружување на препораките

Светиот Синод на Вселенската патријаршија со кој претседава поглаварот по чест на светското православие Вартоломеј I од своето заседавање во Фанар упати соопштение во кое покрај сериозноста на ситуацијата повикува на претпазливост и трпение за да се избегне паника.

Во соопштението кое го пренесе фондацијата „Pro Oriente“, во понеделникот на 16 март се истакнува дека Црквата ја почитува медицинската наука и затоа ги повикува верниците да ги следат препораките од Светската здравствена организација и мерките на владите во државите. Екуменскиот патријарх посебно им се заблагодарува на сите кои во болниците, домовите и во истражувачките области пожртвувано настојуваат да ја сузбијат пандемијата од коронавирусот.

„Мајката на сите Цркви“ во Константинопол ги повикува своите духовни деца во целиот свет да ја „интензивираат молитвата и со Божја помош да се надмине моменталното искушение.“

Минатата седмица во Москва заседаваше и Светиот Синод на Руската Православна Црква со кој претседава патријархот Кирил I, кој потсети дека православната Црква има искуство со пандемии, спомнувајќи ја колерата. Истакна дека Црквата со голема загриженост го следи развојот на ситуацијата во светот и последиците кои пандемијата ги има на милиони луѓе, изложени не само на заразата, туку и на нејзините последици на општественото и економското подрачје.

Членовите на Светиот Синод на Московскиот патријархат изразуваат сочувство на семејствата на жртвите од болеста во Кина, Јужна Кореја, Иран, Италија, Шпанија и другите земји. Повикувајќи се на почитувањето на упатствата на стручњаците, сите духовници и верници ги повикуваат на интензивна молитва за надминувањето на болестите – пренесува Катпрес.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот