Почина Кармен Хернандез, сооснователка на Неокатекуменскиот пат

На 19 јули 2016 година попладне во 85 година од животот почина Кармен Хернандез која заедно со Кико Аргуело во шеесетите години од минатиот век во Шпанија го основаа Неокатекуменскиот пат.

Со Кико Аргуело и патер Марио Поци беше одговорна за Меѓународниот неокатекуменски пат. Кармен Хернандез ја оплакуваат 22 илјади неокатекуменски заедници присутни во 110 држави. Надбискупот на Мадрид Карлос Осоро Сиера во четврток (21 јули 2016 година) во катедралната црква со почеток во 18 часот ќе го предводи погребниот обред во присуство на голем број епископи и кардинали кои се поврзани со Неокатекуменскиот пат и неговите членови од целиот свет.

Беше слободна жена. Сите девојки од Неокатекуменскиот пат кажаа дека благодарение на неа ја откриле својата женска гордост затоа што Кармен беше фантастична. Секогаш зборуваше за важноста на жената во црквата. Жената е најважното создание затоа ѓаволот ја прогонува од првата до последната страница во Библијата, од Постанокот до Откровението. Благодарение на неа многу девојки станаа клаузурни монахињи. Денес манастирите се полни со девојки од Неокатекуменскиот пат, повеќе од четири илјади чесни сестри – истакна Кико Аргуело кој на членовите на движењето сакаше лично да им ја објави веста за нејзината смрт.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот