Почесниот папата Бенедикт XVI моли за бегалците

Почесниот папа Бенедикт XVI трагедијата на бегалците и мигрантите му лежи на срце и тој за нив моли – рече надбискупот Георг Генсвајн, личен секретар на почесниот Папа и префект на Папскиот дом, откако во Анкона го предводеше Евхаристиското обожавање по повод локалната прослава. Папата Бенедикт XVI со внимание ја следи ситуацијата со бегалците – напомена надбискупот.

За многумина, за жал, морето стана гробница, а требаше да биде мост. Не треба да се смета за граница: морето поврзува земји и континенти. Ако постои проблеми во една земја или на еден континент, другиот брег би требало да биде подготвен за помош – истакна шефот на префектот на Папскиот дом.

Ние живееме во тешко кризно време и општество кое е сé посурово, а понекогаш и нехумано. Треба да пронајдеме начин да ги обновиме надежта и мирот кои произлегуваат од Божјата присутност меѓу нас – изјави надбискупот Генсвајн во проповедта, поттикнувајќи ги верниците да не бидат затворени во себе, туку повторно да го откријат чувството на праведноста, милосрдието, чесноста и можноста за вистинска љубов.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот