Почесниот папа Бенедикт XVI ќе присуствува на средбата со возрасните на плоштадот Свети Петар
По покана на Папата Фрањо, почесниот папа Бенедикт XVI ќе учествува на средбата – дијалог со возрасните, која ќе се одржи на 28 септември на плоштадот Свети Петар. Почесниот папа Бенедикт XVI ќе присуствува од 9.00 до 9.30, но нема да земе учество во Литургијата.
На оваа дијалог средба ќе учествуваат 40 илјади возрасни парови од целиот свет, кои ќе се сретнатда разговараат со папата Фрањо. Иницијативата е дел од подготовките за Светската средба на семејствата, која ќе се одржи во 2015 во Филаделфија.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан