Почесниот папа Бенедикт XVI служеше Литургија со својот Студентски кружок

Почесниот папата Бенедикт XVI во недела 24 август ја предводеше светата Литургија во капелата на германските гробишта во Ватикан, на која присуствуваа поранешни негови студенти, т.н. Студентски кружок.
Секоја година тие одржуваат средба во Кастел Гандолфо. Оваа година Студентскиот кружок се одржа од 21 до 24 август на тема „Теологија на крстот”, а главен предавач беше германскиот теолог Карл-Хајнц Менке.

„Ова е втора година по ред како почесниот Папа не учествува во теолошките дебати, бидејќи одлучи да води контемплативен живот, но останува поврзан на нов начин со Студентскиот кружок – рече пред микрофонот за Радио Ватикан, отец Стефан Хорн, претседател на Здружението на поранешни ученици на Бенедикт XVI. „Кога организираме симпозиум, ние го информираме и тој се моли за нас и нѐ охрабрува, а кога ќе се сретнеме тој ја покажува својата радост. Нашиот однос со него не е намален и ние ќе му ги пратиме нашите заклучоци, за да може да ги разгледа и анализира”.

Студетнскиот кружок е формиран во 1977 година и од 1978 до 2013 година одржува средби со својот поранешен професор Јозеф Рацингер, кој по професорскатаслужба е назначен за архиепископ на Минхен, потоа издигнат во кардинал и на крајот беше избран за Папа.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот