Потонатиот брод кај Лампедуза е срамота!
„Зборувајќи за мирот и нечовечката светска економска криза, која е сериозен показател за недоволното почитување на човекот, не може, а да не се осврнеме со голема болка за бројните жртви од уште еден трагичен бродолом, кој денес се случи покрај Лампедуза… Тоа е срамота!”, рече папата Фрањо на 3 октомври обраќајќи се до учесниците на собирот по повод одбележувањето 50 години од енцикликата на Иван XXIII „Мир на земјата“ (Pacem in terris). Тој ги повика пристуните да се молат за оние кои ги изгубија животите. Во потонатиот брод со африкански иселеници покрај италијанскиот остров Лампедуса најмалку 90 луѓе ги загубија животите, но бројот на мртвите би можел да биде и поголем, бидејќи на бродот од околу 500 луѓе спасени се околу 150, а останатите се водат за исчезнати. Наводно пред потонувањето на бродот избувнал пожар, кога се наоѓал на километар од брегот.
Папата молеше за семејствата на настраданите и за сите бегалци. Слична порака упати и преку твитер и ја повика светската јавност со заеднички настојувања да се потрудат да се избегнат слични трагедии, бидејќи – како што кажа – само одлучната соработка на сите може да помогне во спречувањето на вакви трагедии. Тој сам пред два месеца ја посети Лампедуса која е одредиште на повеќето бегалци од африканските земји.
Осврнувајќи се на енцикликата на Иван XXIII „Мир на земјата“ (Pacem in terris), забележа како нѐ потсетува дека нема вистински мир и хармонија, ако заеднички не работиме на создавање преведно и солидарно општество и ако не ја надвладееме себичноста, индивидуализмот, едностраните интереси на сите. Сите мораме да се трудиме како Исус во градењето на мирот, настојувајќи да ги промовираме и спроведуваме на дело правдата, вистината и љубовта и придонесувајќи секој според своите можности на потполн човечки развој по логиката на солидарност. Разгледувајќи ја нашата сегашна стварност се прашувам дали воопшто сме ја сфатиле лекцијата на оваа енциклика, се прашувам дали солидарноста и правдата се само во нашите реченици или настојуваме да станат стварност, праша критички папата Фрањо.
Б.У