Постулаторот на папата Иван Павле II: Папата од небото ги помирува паровите и им помага да имаат деца
Полскиот свештеник о. Славомир Одер е еден од оние кои најдобро го познаваат Иван Павле II. Како постулатор на процесот за прогласување на светец о. Одер ги претстави фактите кои докажуваат дека Карол Војтила живеел свет живот.
„Беше пастир на Црквата скоро 30 години и зрачеше со голема великодушност“, истакна о. Одер.
Постулаторот рече дека Иван Павле II ќе го паметат како личност која е блиска на семејниот дом во секојдневниот живот. „За време на долгогодишниот понтификат, папата Иван Павле II зборуваше за многу теми. Но сакаше да остане запаметен како Папа кој се бори за семејството и животот.“
Во суштина, две чуда кои го отворија патот до неговата беатификација и канонизација директно се поврзани со семејството и животот.
За неговата беатификација е потврдено чудото на оздравување од паркинсонова болест на чесната сестра Марие Симон Пјер, која работеше во породилиште.
Второто чудо за канонизација е оздравувањето на Флорибет Мор, која молела нејзиниот маж, деца и внуци да не останат без жена, мајка и баба.
Одер прочита многу писма во кој му се заблагодаруваат на Иван Павле II за неговото посредување при помирувањето на паровите.
После погребот на Иван Павле II многу семејства како дар добија дете, истакна о. Славомир Одер постулаторот на процесот за прогласување свет на блажениот папа Иван Павле II.
Лаудато/го*ко